Време е за летни авантури!
Доколку одите на одмор со пријателките, големи се шансите дека некое згодно и пријатно момче од плажата ќе ви пријде и ќе ве покани на пијачка. Доколку...
...тоа ви се случи, немојте премногу да размислувате за: зошто да излезете со него, а зошто не, што ако се заљубите, што ако е морон итн. итн...
Ако одлучите да излезете со некое момче кое сте го запознале тоа утро на плажата, не претерувајте со алкохол.
Кога се запознавате со некој, потребно е да сте трезни и да развиете добра моќ на расудување. Што и да пиете, две чашки ви се сигурно доволни.
Не заборавајте да им кажете на пријателките каде ќе бидете, или подобро - нека дојдат и тие со вас. Ако се' помине како што треба и си се допаднете еден со друг, лесно ќе се договорите наредната вечер да се најдете само вие двајца.
Ако се наоѓате во град кој не го познавате, бирајте места на кои има многу луѓе. Исто така, водете сметка за локалните обичаи и однесувајте се според правилата.
Ако сте заљубливи по природа, немојте да се впуштате во летна романса во некое момче од другиот крај на светот, за да не патите следните 6 месеци.
Немојте да го игнорирате момчето кое можеби не изгледа толку совршено, само затоа што некој згоден фраер во близина игра одбојка на песок.
Ако вам ви пријде некој кој е шармантен, поразговарајте со него - може ќе испадне дека всушност тој е правото момче за вас.
И, најважно од се' - ако одлучите да влезете во летна авантура, никогаш, навистина никогаш немојте да имате односи без кондом!