Глас, начин на зборување, висина на нозе: Карактеристики со кои жените ги привлекуваат мажите
Често зборуваме за тоа дека изгледот не е пресуден, но сепак, дека е од клучна важност за првиот впечаток кој го оставате.
Кога станува збор за тоа, голема улога игра вкусот и критериумите кој секој маж си ги има поставено за она што значи атрактивна жена.
Но сепак, иако тоа е индивидуално, постојат некои универзални карактеристики на кој „паѓаат“ сите мажи.
Многу истражувања покажале дека следниве карактеристики на жените, влијаат позитивно кај секој маж.
Што најмногу ги привлекува мажите:
Висина
Иако повеќето преферираат девојката да биде пониска од нив, многу мажи сепак сакаат високи жени, а верувале или не, ова посебно важи за пониските мажи.
Боја на очи
Според одредени истражувања, научниците дошле до заклучок дека мажите со сини очи преферираат жени со сини очи, а мажите пак со зелени и кафеави очи, не паѓаат на жени со сини очи.
Возраст
Според некое непишано правило во општеството, нормално е мажот да биде постар од жената, но научниците докажале дека многу млади мажи сакаат постари жени.
Сепак, со ова не може да се поврзат и мажите кои се на постара возраст, бидејќи тие пак сакаат жени кои се помлади од нив.
Па со тоа, овде не постои правило, бидејќи очигледно ова зависи од психолошки фактори како и од возраста на мажот кога ја бира жената.
Глас и начин на зборување
Научниците порано дошле до заклучок дека мажите сакаат жени со женствен глас, а идеален пример за тоа е Мерилин Монро.
Според истражувањата се покажано дека Ким Кардашијан е една од жените со најпискав глас, што за мажите е најнеатрактивна карактеристика.
Шминка
Ова е веќе добро познато дека мажите не сакаат нападна шминка и ценат кога жената е природно нашминкана, бидејќи никој не сака маскирани жени кои се срамат да ја избришат шминката.
Лимбален прстен
Лимбален прстен е темната кружна линија околу ирисот на окото, а истражувачите дошле до заклучок дека пошироката, односно подебела таква линија, повеќе ги привлекува мажите.
Боја на коса
Во Франција е спроведено едно интересно истражување, во кое се испитува какви жени мажите покануваат на танцување во ноќен клуб – русокоси, бринети или жени со црвена коса.
Се заклучило дека мажите најмногу ги покануваат русокосите девојки, а црвенокосите биле на последно место.
Сепак, не се работи само за бојата на косата, туку игра улога и како бојата на косата одговара со бојата на кожата, па обрнувајте внимание и на тоа.
Должина на нозе
Според истражувањата, откриено е дека мажите најмногу ги привлекуваат жени со долги нозе.
Истото важи и за оние кои општо преферираат ниски жени, бидејќи всушност, истражувањата покажале дека нозете не мора да се толку долги, колку што им е поважно нозете да бидат повисоки од останатиот дел од телото.
Сооднос на половина и колкови
Уште еден доказ дека мажите не сакаат рамни девојки и дека ги привлекува кога жената има пошироки колкови, а тесна половина.
М. М. | Црнобело