8 жени објаснуваат кои работи ги мразат кога им пружате орален секс
Обрнете внимание на нивните исповеди, тие ќе ве направат подобар љубовник.
Женскиот полов орган е навистина чувствителна област и треба внимателен однос кон него за една жена да доживее врвно задоволство.
Некои мажи брзаат и се премногу груби за време на орален секс, други плукаат и користат премногу јазик.
8 жени открија дека навистина не поднесуваат некои од овие работи:
„Мразам кога момците веруваат дека за да доживеам оргазам при орален секс треба да се фокусираат на константна симулација со голем притисок. Би им советувала да имаат поинаков пристап, да бидат многу нежни на моменти и пред сè да ја прашаат својата партнерка што сака.“
„Кога лиже 20 минути сè освен клиторисот и ти треба да се преправаш дека погодил заслужуваш Оскар.“
„Не е сè до брзината, а многу мажи мислат дека е. Многу е важно да се обрнува внимание на реакциите на жената. Не треба премногу јазик, тоа е чувствителна област, премногу јазик е здодевно и не врши работа.“
„Мразам кога сум на врвот, а тој ненадејно се префрла на друго место. Зарем не чувствува дека уживам?“
„Кога среде акција ќе почне да дава коментари за мојот полов орган. Навистина немам потреба од проценки на мојата вагина. Дали е чудна или има малку влакненца, сега навистина не е вистинскиот миг за тоа.“
„Не сакам постојано да ме прашува дали е ОК. Работи си долу, а јас ќе ти кажам кога ќе погрешиш.“
„Плукањето е ужасно. Навистина е непријатно чувството кога неговата плунка ми се разлева надолу кон задникот.“
„Мразам кога ќе се симне долу само 2 минути и веднаш преминува на пенетрација“.
С. С. | Црнобело