8 симптоми по кои ќе забележите секс зависник
Тие се свесни дека нивното однесување не е нормално, но не можат да си помогнат.
Секс зависноста не е едноставна тема за разговор. Но, таа како и сите други зависности треба да биде третирана за личноста што побрзо да започне да води нормален живот.
Патот до целосното закрепнување не е лесен, но со поддршка и третман, сè ќе биде подобро.
Постојат повеќе симптоми што посочуваат дека некоја личност е зависник од секс:
Не се врзуваат емоционално со секс партнерите
Сè што сакаат е секс и тие не сакаат никакво емоционално поврзување со нивните сексуални партнери. Кога чинот е готов, тие продолжуваат понатаму.
Тие мастурбираат многу често
Не е тајна дека сите се самозадоволуваат, но тие го прават тоа постојано.
Животот им се врти околу сексот
Овие луѓе постојано размислуваат кога ќе им се случи наредната акција. Сè што кажуваат и прават е поврзано со секс. Сексот станува нивен живот.
Неверни се
Тие не се ограничуваат само на секс со својот партнер, туку прават неверства со многу луѓе, па дури и плаќаат за секс.
Зависни се од порно филмови
Зависни се од секс преку телефон и константно гледање на порно филмови. Не можат да си го замислат животот без тоа.
Понекогаш имаат извртени идеи за задоволство
Тие може да обожаваат мазохизам, воајеризам, па во некои екстремни случаи дури и педофилија, како и низа други сексуални нарушувања.
Опседнати се со луѓето со кои никогаш нема да може да имаат секс
На сите ни се привлечни личности кои се тешки за освојување, но кога тоа преминува во опсесија е лошо. Зависниците од секс одат до таму што понекогаш ги шпионираат луѓето што не можат да ги имаат.
Не можат да сопрат без разлика колку сакаат
Ова е еден од најважните знаци. Тие се свесни дека тоа што го прават не е нормално, но едноставно не можат да сопрат. Секс зависноста е иста како и сите други зависности, ним им е потребна помош.
С. С. | Црнобело