7 работи од вашиот сексуален живот кои не треба да ги споредувате со другите

Денес е многу лесно да ни се разниша сексуалната самодоверба. Доволно е да погледнете еден еротски филм или да прочитате „вистинско“ искуство со фантастичен крај и да почнете да ги споредувате работите кои вам лично ви се случуваат во креветот (или надвор од него).

7-raboti-od-vasiot-seksualen-zivot-koi-ne-treba-da-gi-sporeduvate-so-drugite-01.jpg

Следен пат, кога ќе паднете во замката на прашањето „дали мојот сексуален живот е доволно добар?“, сетете се дека овие 7 работи никако не треба да ги споредувате до другите:

1. Траењето и должината на сексот

Нема одредено време колку треба да трае една партија секс. И дали треба да останете на само една.

2. Интензивноста на оргазмот

Луѓето многу лесно може да излажат на оваа тема, а вие треба да запаметите дека тој варира од ситуација до ситуација и секој организам го доживува различно.

3. Големината на вагината

Престанете да тежнеете кон „идеалната вагина“, бидејќи таа не постои.

4. Времето кое ви треба да доживеете оргазам

Биолошки, сите сме слични, но и различни. Ако вие или партнерот побавно доживувате оргазам од другите парови, не значи дека имате невозбудлив сексуален живот.

5. Емоции во сексот

Повторно ова зависи од многу фактори. Додека една ноќ сакате секс прегрнати во кревет, а веќе следната на некое возбудливо место среде јавност, ви станува јасно.

6. Либидо

Константно сме опсипани со бројки колку пати во неделата „треба“ да имаме секс. Сосема е во ред да избегате од тие рамки.

7. Вашите претходни партнери со вашиот сегашен

Не е важно колку партнери сте имале претходно и дали вашиот бивши го правел тоа подобро од бившиот на пријателката. Или сепак претходните девојки сакале нешто што вашата сегашна девојка го мрази? Престанете да споредувате. Нема две исти тела.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...
Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg