Најлесниот пат до женско срце
Мажите кои се во брак и кои сакаат да внесат малку романтика не мораат да се преоптеретуваат со прескапи подароци, чоколади, цвеќе и вечери...
... во луксузни ресторани.
Доволно е само да им помогнат на своите сопруги во обавувањето на домашните задачи.
Вистинскиот клуч на успехот во освојувањето на женското срце е помагањето при извршувањето на домашните обврски, покажа британското истражување.
Половина од жените кои биле испитувани признале дека повеќе би ги импресионирало тоа да ги видат своите мажи да си го испеглаат оделото отколку мажите да ги однесат на романтичен викенд.
Фрлањето ѓубре е исто така тактика која пали, како и миењето садови.
"Ова само покажува дека поголемиот број на жени сметаат дека нивните мажи не помагаат доволно при извршувањето на домашните секојдневни обврски."
"Поголемиот број на жени сеуште работат во 2 смени;имаат кариера и ги обавуваат сите домашни задачи, додека мажите имаат само една работа."
"Жените очигледно сакаат и мажите да се повеќе инволвирани во домашните обврски", пишува психологот Гери Купер.