Психолозите откриваат 10 работи кои паровите треба да ги прават за да избегнат развод
Разводот во последно време е многу чест и станува сосема нормален, посебно кај помладите генерации.
Претхдоно сме зборувале за факторите кои водат до развод и за совети како да се спречи тоа во конкретната ситуација.
Но, сега ќе се свртиме на позитивната страна и ќе зборуваме за работите кои треба да ги правите за да не дојде до тоа.
Според психолозите, постои листа на работи кои треба да ги правите, кои веќе добро ги знаете но често ги занемарувате, а се од клучно значење за да го зачувате бракот:
Заемна почит
Заедничката почит е клучна за среќен брак. Дури и кога сте лути, покажете го тоа на културен начин и не го навредувајте партнерот.
Почитта ви овозможува да избегнете непријатни ситуации каде едниот партнер ќе се чувствува навредено и повредено или пак, ќе ви возврати и ќе настане вистински хаос.
Не го споредувајте партнерот со другите
Никогаш не го споредувајте партнерот со оној на вашите пријатели или познаници, посебно не со некој пар кој само го следите на Инстаграм и му се восхитувате.
Запомнете дека не секогаш тие парови се среќни и не значи дека нивната љубов е вистинска ако ставаат фотки од букети и скапи ресторани.
Усогласете се со семејниот распоред и грижете се за себе
Секогаш грижете се за вашиот изглед и никогаш не се запуштајте без разлика колку долго време сте во брак и колку сте опуштени пред партнерот.
Одржувајте го телото во форма и доколку е можно вежбајте, но правете го во тоа во склоп со другите обврски. На пример додека децата се на некоја друга активност и ги чекате, вие одете во теретана и извежбајте.
Обрнувајте му внимание на партнерот, а не само на децата
Родителството понекогаш знае да ве претвори во жртви за децата и сакате постојано да бидете со нив и да правите сѐ само за нивно добро, без воопшто да размислувате на вашите потреби.
Но, мора ад разберете дека и вие со партнерот треба да ја негувате вашата љубов и да го одржувате вашиот однос, бидејќи на крајот на денот, повторно вие ќе останете сами, кога еден ден децата ќе пораснат и ќе се иселат од дома.
Не го запоставувајте вашиот брак, односот и секако, интимата.
Простувајте си
Никој не е совршен и сите правием грешки. Во секоја врска и брак има недоразбирања и некој некогаш останува повреден.
Но, доколку парот не знае да си простува, без притоа да се тортурираат еден со друг, тогаш со тек на време односот помеѓу вас врската помеѓу вас ќе стане послаба и постојано ќе бидете незадоволни.