10 лаги за сексот во кои залудно верувате

 Кога станува збор за секс, постојат толку многу информации насекаде што прави да биде неверојатно тешко да знаете што е вистина, а што не.

10 lagi za seksot vo koi verojatno veruvate 1

Еве 10 лаги кои најчесто ги слушате во врска со сексот:

1. Недопрен химен е знак на невиност

Жената може да го пробие хименот кога има секс или пак кога вежба гимнастика, ако јава коњ или додека прави многу видови на физички вежби. Или може да биде родена без химен.

Жените исто така можат да имаат недопрен химен, а сепак да се сексуално активни. Тенката, флексибилна мембрана не открива ништо за невиноста на жената, експертите велат дека неговата важност е само голема лага.

2. Мажите со големи стапала, имаат големи атрибути

Просечната големина на машкиот пенис е околу 13 cm. Истражувања кажуваат дека постои многу мала корелација помеѓу големината на стапалата со големината на половиот орган.

3. Некои форми на секс се посигурни од другите

Секако, не можете да забремените од орален секс, но тоа не значи дека не можете да добиете некои сексуални заразни болести од чинот. Секогаш кога одбегнувате да користите било каков начин на заштита, се ставате во ризик од инфекции кои веројатно ги поврзувате само со вообичаениот сексуален однос.

4. Само младите мажи се жртви на предвремена ејакулација

Најчесто овој проблем се смета како проблем на младите мажи, но предвремената ејакулација е хронична состојба што напаѓа индивидуалци од сите возрасти, што не се менува додека стареете.

5. Контрацептивните таблети дебелеат

Сигурни сте дека вашите контрацептивни таблети ве дебелеат? Размислете повторно. Според докторите, постојат многу малку научни докази дека таблетите дебелеат.

Поради многу фактори жените можат да се здебелат со текот на годините, феномен што често погрешно се поврзува со таблетите за контрацепција.

6. Мажите мислат на секс цело време

Едно истражување открило дека половина од мажите помислуваат на секс околу 19 пати на ден, што е еднакво на бројот на пати на кој мажите помислуваат на храна.

7. Со сексот трошите многу калории

Иако изгледа како да е многу тешка активност, научниците велат дека човек од 70 килограми троши околу 3.5 калории на минута за време на секс. Ако овој број звучи како многу, следниот факт ќе ве предомисли: истиот тој човек троши 1/3 од таа енерија за истото време додека гледа телевизија.

8. Само мажите имаат еротски соништа

Едно истражување открило дека околу 40% од жените се имаат разбудено од сон поради оргазам.

9. Жените не гледаат порно филмови

Многу истражувања имаат покажано дека 1/3 од посетителите на порно веб страните се жени.

10. Жените се пофлексибилни во однос на сексуална определеност од мажите

Едно истражување има покажано дека и мажите и жените во иста мера се вклучиле во сексуална активност со партнер од истиот пол, а мал број од нив биле идентификувани како геј или бисексуалци.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg