3 причини заради кои слободните жени „паѓаат“ на мажи во брак
Многу секојдневни ситуации и истражување докажале дека мажите во брак го имаат „она нешто“ што ги привлекува жените.
Следуваат 3 можни одговори на најчесто поставуваното прашање – Зошто?
1. Подготвени се за сериозна врска
Слободните жени кои бараат партнер, обично зад себе имаат неуспешни врски со незрели мажи кои не биле сигурни што сакале или пак се согласиле само на авантура и ништо повеќе. Токму затоа, мажите кои се одлучиле да го поминат животот со една жена им се привлечни и неодоливи.
2. Прифаќаат одговорност
Иако сите сме свесни дека бракот не секогаш подразбира и одговорност, за жал, на мажите кои го изговориле судбоносното „да“ се карактеризираат како поодговорни. А, тоа им е и тоа како привлечно на жените.
3. Покажуваат емоции
Жените кои се во потрага по „оној вистинскиот“ се заслепени од мажите кои се согласиле на „до крајот на животот“. Контрадикторно, но вистинито.
М. Д. | Црнобело