Апатија и лош секс: 11 знаци дека врската ви е готова
Се трудите да заборавите колку не ви обрнува внимание партнерот и колку долго сте немале секс со него?
Да се прифати дека врската ви е готова е ужасно тешко. Тешко ви е да пуштите, особено кога сте вложиле време и енергија за да успее.
Иако не постои универзален знак кога една љубовна врска дошла до крајот, затоа што сите сме индивидуи со различни очекувања, има некои сигнали кои ако се појавуваат значи дека врската ви дошла до крајот.
1. Кога ќе ви олесни што сте престанале со разговорот со партнерот или пак дружбата со него ви се претворила во обврска наместо во задоволство.
2. Чувствувате апатија. Работите кои некогаш ве лутеа, повеќе не ве вознемируваат. Кога ќе престанете да се карате затоа што не се грижите повеќе и сметате дека не е вредно.
3. Кога една личност ќе започне да се запрашува дали доаѓа крајот, најчесто значи дека крајот навистина доаѓа. Да се биде во врска значи да се биде сигурен. Ако тоа недостига или кој било аспект е променет на драстично негативен начин, тогаш време е за црвена тревога.
4. Ако постојано ги откажувате плановите со измислени оправдувања.
5. Треба да се опијаните за да ви биде забавно со него/неа.
6. Посреќни сте кога не сте со него/неа и ве измачува мигот кога треба повторно да бидете заедно.
7. Кога во врската има неверство.
8. Невозвратени повици, СМС пораки и сè помалку време поминато заедно бидејќи сте постојано зафатени, а со тоа и недостиг од интимност.
9. Фантазирање колку животот би ви бил подобар беа неа/него.
10. Или сексот е единствениот добар дел од врската или сексот повеќе не е добар.
11. Избегнувате физички контакт како држење за раце, бакнување и секс.
С. С. | Црнобело