9 работи што ја покажуваат вашата љубов без зборови
Бидете добар слушател и обрнете внимание на работите што ги сака партнерот, а неговите маани оставете ги во втор план.
За љубовта можете да зборувате со часови, да пишувате поеми и песни и на сите да им кажете колку го сакате својот партнер. Но понекогаш сѐ што треба е само да сторите нешто правилно.
Ова на луѓето им значи повеќе од кои било зборови што може да бидат кажани.
Еве некои мали работи кои ќе ви помогнат да изразите љубов:
Дадете му на партнерот време за одмор
По тежок ден, сите имаме потреба од одмор од работата и префрлање на вниманието на нешто релаксирачко. Не брзајте да го оптоварите со рутините околу домаќинството. Дадете му време да одмори и да биде сам, ако му е потребно. Овој вид на емоционално празнење ќе ви помогне да ги избегнете конфликтите.
Бидете добар слушател
Ако таа сака да ви зборува за нешто за кое не знаете ништо, не одбивајте ја веднаш. Понекогаш на девојките им е потребен некој кој ќе ги ислуша за најновите вести, попусти ширум градот и ќе ги погледне сите работи што ги купиле на шопинг. Не бидете бесни во овие мигови. Обидете се да ја разберете вашата партнерка.
Не му забранувајте да ги гледа пријателите
Кога сте во врска, последната работа што треба да ја сторите е да го претворите партнерот во сопственост. Секоја личност има потреба од приватен простор и време кое ќе го мине со пријателите. Затоа наредниот пат кога вашето момче ќе сака да се дружи со пријателите, не лутете се, туку посакајте му одлично да се забавува.
Обрнете внимание на работите што ги сака
Среќата се состои од мали работи. Нејзините омилени слатки или измиените садови се чинат незначајни, но се голем знак за неа дека сте запомниле што сака, дека ја цените вашата врска и дека ја сакате неа. Таквите мали работи ги прават луѓето среќни.
Давајте му комплименти
Девојките не се единствените што сакаат да добиваат комплименти. И момците сакаат да знаат кога изгледаат добро. Па кажете му на вашиот партнер дека е привлечен, дека кошулата му прилега одлично или дека чорапите му се навистина кул. Оваа мала работа може да направи тој да се чувствува одлично.
Сонувајте заедно
Коктел, море, палми... Сите сонуваме за ваков одмор. Па ако среде зима вашата девојка дојде дома и ви ја покаже новата шапка за на плажа, не лутете се и не велете ѝ дека потрошила залудно пари. Наместо тоа, сонувајте колку прекрасно ќе ви биде кога ќе одите на одмор заедно.
Бидете му и девојка и пријател, а не тиран
Мажите не сакаат критики, незадоволство и мешање во „машки“ работи. Дозволете му да биде независен. Тој самиот нека одлучи како ќе поправи нешто, што ќе облече или која музика ќе ја стави како рингтон на телефонот. Тој треба да е способен сам да носи одлуки кога е со вас.
Гответе заедно
Кога немате време, брзата храна е одлично решение. Но понекогаш навистина треба да посветите време на оброците и да приготвите нешто вкусно и невообичаено. Размислете што сакате да зготвите, појдете заедно во супермаркетот и убаво декорирајте ја масата за вечерата. Најважната работа е да минувате време заедно.
Не дозволувајте едната личност да прави сѐ. Ќе видите како ќе му се промени расположението на партнерот ако му понудите помош.
Не се нервирајте поради мааните
Сите ние сме различни и никој не е совршен. Таа заборава да додаде сол, а тој никогаш не го става на место пешкирот по туширањето. Само смирено. За да имате хармонична врска, треба да научите да не ви сметаат тие мали работи. Потоа ќе забележите колку е полесно да се живее така.
С. С. | Црнобело