10 типови на луѓе со кои е невозможно да воспоставите нормална врска
Во животот сите сме сретнале луѓе со кои очајно сме посакувале да се поврземе, меѓутоа нормалната врска со нив никако не може да функционира.
Без разлика дали се работи за пријателска, љубовна или работна врска, постојат луѓе кои едноставно не ви одговараат.
Најчесто, тоа се следниве 10 типови:
(Пробајте да не бидете како нив)
1. Вечни критичари
Никогаш ништо не е доволно добро за нив, секогаш вие нешто не правите како што би требало, почнувајќи од вашите манири, до облеката која ја носите. Стигнуваат толку далеку со критиките, што се на граница на навредување.
2. Патолошки љубоморни
Животот со љубоморен човек знае да биде турска серија. Но, кога таа љубомора се префрла на секој ваш пријател, член од семејството, колега, па дури и познаник, веќе не е смешно и драматично, туку опасно за вашето ментално здравје.
3. Лажговци
Ваквите лица не се способни да изградат врска која се базира на вистински информации, што автоматски значи дека секоја поврзаност со нив е лажна.
4. Кралици и кралеви на драмата
Овие луѓе се секогаш погодени, секогаш тие се колатералната шетата на трагедијата, секогаш некој им мисли лошо. Со тек на времето и вас може да ве натераат да станете сомничави и со црни мисли.
5. Вечни деца
Вечните деца, колку и да звучи позитивно, се оние луѓе кои не знаат да преземат една единствена одговорност. Во секој човек во животот тие ги бараат своите родители. Размислете дали сакате да бидете нечија мајка или нечиј татко.
6. Напорни работохоличари
Луѓето на кои секогаш им е поважна работата отколку вие, не се потенцијални партери и пријатели во животот. Со текот на времето може да станат „невидливи“ заради работата.
7. Комплетна спротивност
Не верувајте во тоа дека спротивностите се привлекуваат. Неопходно е да имате заеднички интереси и ставови доколку сакате врската да успее.
8. „Јас сум поважен/на“ тип на човек
Себичните и самобендисани лица се меѓу најопасните. Тие постојано бараат некој кој ќе биде виновен за нивните проблеми. Освен ако не сакате да бидете дежурен кривец, бегајте подалеку.
9. Зависници од било што
Секој човек кој има неконтролирана зависност од било каква супстанца или предмет, е опасен за вас. Верувајте дека нивното „второ јас“ може сериозно да ви наштети психички и физички, бидејќи има моменти кога не се свесни за себе.
10. Егоисти
За нив, тие се центарот на светот и сите активности се подредуваат според нивниот распоред и расположение. Никогаш не можете да сметате дека ќе си стојат на зборот, бидејќи нели, не се грижат за ништо освен за себе.
М. Д. | Црнобело