Според навиките во кревет: Дали тој навистина ве сака?
Кога се припадниците на посилниот пол во прашање, честопати умеат прилично добро да ги раздвојат љубовта и сексот. А, во зависност од неговото однесување пред, за време и после интимните односи, може да заклучите дали мажот навистина има чувства кон вас.
Вообичаено, физичката привлечност е првото нешто кое ги поврзува двајца луѓе во пар.
Во повеќето случаи, набрзо завршуваат во постела, препуштајќи им се на страстите и телесните нагони.
Што ќе следува подоцна, зависи од тоа дали врската ќе се развие во „нешто повеќе“, односно дали ќе се вклучат и емоциите во игра.
За да откриете дали мажот е само загреан за секс, или, пак, навистина му се „води љубов“ со вас, ви ги откриваме седумте навики во креветот, по кои ќе ја препознаете разликата.
Ако кон вас чувствува многу повеќе од обична сексуална привлечност, партнерот ги прави следните работи:
1. Не му е проблем да ве почека.
Сѐ уште не сте подготвени за секс? Не сакате веднаш со него дома?
Доколку навистина му се допаѓате и има романтични чувства кон вас, тогаш ќе биде полн со разбирање.
Ќе се разделите со бакнеж, без да инсистира на секс по секоја цена.
2. Ве гледа во очи додека водите љубов.
За време на интимните односи, најмногу мерак му причинува положбата при која може да ве гледа во очите. Па, неретко и имате секс во таквите пози.
3. Полека го испитува теренот.
Секако, нема ништо лошо ниту во интензивниот секс – кога во напливот од страсти, партнерот брза што поскоро да ви ја „распарчи“ облеката.
Меѓутоа, понекогаш е исто убаво и кога тој ви го истражува секое делче од телото, соблекувајќи ве пополека и постепено.
За него е многу потешко да се воздржи, одошто веднаш да се „фрли“ на работа.
4. Ве допира и гали по целото тело.
Не е само сексот во прашање, туку и за вас се работи. Тој сака да ве почувствува, со целото свое тело.
5. Сака да ви се допадне тоа што го прави.
Личното задоволство не му е на прво место. Затоа, несебично ќе се потруди, обајцата да се чувствувате добро, а вам да ви биде прекрасно.
6. Ве разбира ако не доживеете оргазам.
Кога ќе запознаат нов маж, на мноштво жени им треба одреден период за потполно да се опуштат.
Односно, да откријат како најлесно ќе доживеат задоволство со него во постелата.
Мажот кој навистина ве сака, нема да се обидува на сила да ве доведе до оргазам. Ќе ве разбере и ќе ви даде време, колку и да ви биде потребно.
7. После сексот ве гушка, милува и бакнува во чело.
Однесувањето на мажот после сексот, може исто така многу да открие за нeговите чувства.
Доколку ве земе во прегратка и цврсто ве гушне, тоа е знак дека вистински ве љуби. Бакнежот во чело, пак, покажува дека сака да ве заштити.
М. А. | Црнобело