Му коментираат непознати, секогаш се одјавува: Знаци дека партнерот ве изневерува на Фејсбук
Неверството преку социјалните мрежи е уште една нова „болест“ на модерното доба. Иако неретко изостанува физичкиот контакт, самиот факт што партнерот има претерано близок однос со друга личност, претставува доволна причина да се смета за прељуба.
Новата технологија ни донесе изобилство од убави моменти. Но, за жал, ни ги испорача во пакет и со одредени појави, без кои дефинитивно можевме да преживееме.
Прељубничките афери кои настануваат по пат на социјалните мрежи, со сигурност се вбројуваат во втората категорија.
Доколку и вашиот партнер е еден од оние што имаат паралелни „врски“ на Фејсбук, тогаш ова се знаците кои може да ве предупредат и го разоткријат:
Секогаш се одјавува од профилот
Мнозинството луѓе немаат потреба да се одјават од Фејсбук на сопствениот компјутер или мобилен телефон. А, оние што постојано го прават тоа, веројатно имаат мошне добра причина за таквoто однесување.
Дури и ако станува збор за компјутер што обајцата го споделувате, доколку ништо не сокрива, тогаш нема да се одјавува баш секој пат кога ќе замине од Фејсбук.
Го носи мобилниот телефон и во тоалет
Не затоа што не може да издржи без него ни кога е во тоалет, туку бидејќи веројатно знае дека не е паметно да го остави телефонот без надзор. Почнете да следите колку често го прави тоа.
Се случува секому, но не баш секогаш. Па, ако партнерот во ниту еден момент не може да се одвои од мобилниот телефон, големи се шансите дека нешто крие.
Крева паника штом му го допрете телефонот
Доколку му го земете телефонот, а партнерот изреагира како да сте на чекор да ја откриете неговата најголема тајна, тогаш најверојатно се плаши дека баш тоа и ќе се случи.
Често добива коментари од непознати жени
Сите понекогаш коментираме објави на луѓе со кои и немаме некаков однос.
Меѓутоа, доколку на неговиот Фејсбук профил везден се појавуваат коментари од непознати жени, а притоа делува како мошне добро да го познаваат вашиот партнер, тогаш веројатно и добро се запознале со приватни пораки.
М. А. | Црнобело