Вистинската причина зошто мажите одбиваат да користат презервативи
Презервативите се убедливо најдобрата заштита од полово преносливи болести и инфекции и несакана бременост, но сепак, многу од мажите не сакаат да ги користат.
Најчестиот одговор и образложение на прашањето „зошто?“ е бидејќи го скратуваат задоволството, ја намалуваат чувствителноста и предизвикуваат непријатност.
И до некаде се во право.
Магазинот Њујорк Тајмс потврди зошто голем дел од мажите одбиваат да користат презервативи – проблемот е во големината.
Многу произведувачи во основа прават стандардна големина, а истражувањата покажуваат дека машкиот полов орган во ерекција е околу 2,5 сантиметри пократок од стандардниот презерватив, кој е долг околу 17 сантиметри.
Истражувањето кое опфатило над 1.600 мажи покажало дека 83% од нив имаат проблем со стандардната големина на презервативот.
Сепак, добро би било да експериментирате со различни видови и типови, наместо да се откажете од нивна употреба.
М. Д. | Црнобело