Како да бидете супер секси
Супер секси не значи само сексапилност, туку и заводливост, привлечност, кокетност во комбинација со самодовербата, бидејќи во спротивно...
... само ќе изгледате вулгарно или во најмала рака смешно, сепак никогаш секси.
1. Прифатете го своето тело и гордо носете се со него. Привлечноста започнува од внатре.
2. Бидете независни. Беспомошните жени се минато. Секси жените на денешницата се оние кои се подготвени и зафатени со себе и своите ставови.
3. Купувајте и носете ја само онаа облека во која се чуствувате удобно и која вам ви прилега. Во спротивно, колку и секси да е облеката вие нема да се чуствувате удобно, а уште помалку секси.
4. Никогаш немојте да мислите дека ако имате 40 или 50 години не можете да бидете секси.
5. Занимавајте се со некој спорт. Не можете да бидете секси ако ви е заморно најобичното исправено движење.
6. Да се биде супер секси е категорија која се однесува на вас, а не на некој друг. Тоа значи дека на крајот на денот ќе се чуствувате задоволно во своето тело и во сопствената кожа.