Одговори на 8-те најгуглани секс прашања
Доколку имате недоумици околу акцијата во спалната соба, овие одговори ќе ви ги дадат основите.
Луѓето се љубопитни, па разбирливо е што одвреме-навреме отвораат „Google“ и истражуваат каде се наоѓа Г-точката, како до поголем пенис, како да се постигне женски оргазам, како да се заштитиме од сексуално преносливите болести итн.
Според најновото истражување на еден светски бренд за презервативи, ова се најчесто гугланите секс прашања:
Каде е Г-точката?
Постоењето на Г-точката сѐ уште е спорно. Некои луѓе тврдат дека стимулирањето на Г-точката предизвикува совршени оргазми, а некои истражувачи велат дека таа воопшто не постои.
За оние кои веруваат, Г-точката е сместена на длабочина од 5 сантиметри во вагината на предниот вагинален ѕид (од страната на стомакот). При допир, ова делче треба да е подебело и сунѓересто. Некои веруваат дека таа е продолжение на клиторисот кон вагината.
Ставете перница под задникот на девојката и обидете се со пенисот да ја погодите Г-точката за време на мисионерската поза или уште подобро со прст.
Како да направите жена да доживее оргазам?
Прашајте ја! Секоја жена е, поинаква е и сака поинакви работи.
Генерално, поголемиот дел од жените не го доживуваат врвот за време на пенетративен секс, па ако сакате жената да доживее оргазам тогаш мислете на предигра, предигра и предигра!
Орален секс, прсти, вибратори, колку подолга предигра и поголем фокус на клиторисот, толку подобро.
Дали може да се ослободите од херпесот?
Нема лек од херпес кој би можел да ве ослободи од него засекогаш. Но, можете да користите лекови за да ги контролирате симптомите што ќе направат да биде помала можноста да го пренесете на партнерот.
Како да се ослободите од гениталните брадавици?
Не смеете да се обидувате да ги третирате гениталните брадавици дома. Веднаш појдете на специјализиран лекар, за да ви постави точна дијагноза и третман.
Лекарствата мора да бидат точно препишани за интимните делови, а може докторот да ви предложи и криотерапија. Исто така, паузирајте со сексот додека брадавиците сосема не исчезнат.
Како природно да го зголемите пенисот?
Не постои начин вашиот пенис да стане поголем, без операција која ќе му предизвика значајна штета.
Прескокнете ги сите чудни домашни лекови и вежби и работете на прифаќање на фактот дека големината навистина нема голем ефект врз предизвикувањето на сексуално задоволство кај вашата партнерка.
Ако навистина сакате подлабока пенетрација, тогаш бирајте пози како кучешката.
Како да го измерите пенисот?
Има две мерки за пенисот, мерка кога е и не е во ерекција.
За да го измерите мек, односно во флакцидна состојба, едноставно внимавајте да не ви е престудено, а потоа ставете го метрото на основата од пенисот каде базата ви се среќава со абдоменот. Просечната должина на мекиот пенис е околу 8, 9 сантиметри.
За време на ерекција сторете со истото и измерете го еректираниот пенис. Просечната должина е околу 12, 13 сантиметри.
Но, запомнете дека можете да предизвикате ултимативно задоволство без разлика на големината.
Како да го ставите машкиот полов орган во женскиот?
Прво, осигурајте се дека двете страни го сакаат тоа и дека ниту еден од вас не е под дејство на супстанции кои ќе влијаат на здравиот разум.
Потоа посветете се на предиграта и кога вагината ќе биде доволно влажна, а пенисот во ерекција, лесно ставете го пенисот во вагината. Најдобро е жената да ве води. Одете полека, сѐ додека партнерката не се опушти за пожестока пенетрација.
Колку долго трае сексот?
Па зависно од тоа што дефинирате како секс. Предиграта исто така треба да се смета и сексот може да трае долго колку што сакате.
Но, просечното траење на пенетративниот секс е околу 8 минути. Одлично е да минувате долго време во предигра.
С. С. | Црнобело