Како да ставите крај на секоја кавга, пред да биде доцна?
Секој човек се соочува со конфликти, кавги и проблеми и тоа не значи дека правите нешто погрешно.
Сепак, ако проблемот се провлекува подолго време, а вие додавате само сол на раната, тогаш правите грешка.
Не си дозоволувајте ситниот проблем да прерасне во кавга која ќе трае со денови, месеци, години. Не вреди.
Постојат 7 главни правила до кои треба да се придржувате при следниот конфликт:
1. Не ја критикувајте личноста спроти вас
Критиките или вперувањето на прстот само ја прави тензијата неподнослива и го разгорува гневот.
2. Не ги потценувајте туѓите чувства
Во ред е да кажете како се чувствувате, но секогаш земете предвид како се чувствува и другата страна.
3. Не се потпирајте на најлошото можно сценарио
Не мислете дека секогаш другите ви мислат или прават нешто лошо и зад грб. Ова само може да испровоцира поголем бес.
4. Не покажувајте супериорност
Избегнувајте во тензичните ситуации да ја докажувате својата супериорност над партнерот. Рамноправни сте и како такви треба да го решите проблемот.
5. Не барајте да обвините некого
Посебно, не личноста со која сте во конфликт.
6. Не се навраќајте на стари проблеми
Ако редовно ја потсетувате личноста на минатите проблеми, веќе нема да знаете зошто се карате. Дискусиите се добри кога се одвиваат на одредена тема и имаат одредена цел.
7. Сетете се дека секогаш има второ гледиште на работите
Не постојат две личности со идентични размислувања – тоа нека ви биде водич.
М. Д. | Црнобело