Не читаме мисли, спортот ни е религија - важни работи што мажите сакаат да ги знаете

Мажите се од Марс, жените од Венера. За денешните машко-женски односи повеќе би рекле дека обата пола припаѓаат во различен сончев систем.

Vazni-raboti-sto-mazite-sakaat-da-gi-znaete-01.jpg

И покрај сите истражувања и начини на комуникација сè уште постојат многу јазови кои нè оддалечуваат, наместо да нè приближат едни до други, со цел полесно да се разбереме.

Сепак, мажите не се молчеливи како што беа порано. Конечно имаат да кажат нешто конкретно и ова се следните важни работи кои сакаат да ги знаеме:

Не читаме мисли

Не читаме меѓу редови. Всушност, не обрнуваме внимание на детали како вас жените и не си го заморуваме мозокот со „ти реков-ми рече“ муабети и прашања од типот „Што сакаше да каже со тој коментар?“. Ако имате да кажете нешто, кажете го прецизно и гласно, за да се разбереме.

Што ви е проблемот со капакот на тоалетната шолја?

Вас ви треба симнат, нас ни треба кренат. Сите сме возрасни, ако ти треба спуштен капак – симни го, ако ми треба да го кренам капакот, ќе го кренам. Како е можно сè уште да наоѓате мани за ова, да го коментирате и секогаш капакот да е на позиција каква што само вам ви одговара? Дискриминација, ало.

Спортот е потајно првата најважна работа во животот

Да, сакаме да гледаме фудбал. И кошарка и ракомет и тенис. Придружи се во гледањето или не заморувај. Дали некој те заморува тебе додека гледаш реални шоуа и омилени серии?

Плачењето е уцена

Кога се расплакувате наеднаш за некои банални работи, не знаеме како да реагираме. И да, ова го сфаќаме како уцена. Морам да се согласам со сè што ќе кажеш или да се извинам, затоа што знаеш дека не поднесувам да те гледам како плачеш.

Јасно кажете што сакате

Било да е нешто што сакате да го направиме или некој подарок што сакате да го добиете. Суптилни знаци и скриени сигнали не функционираат кај нас. Само кажете. И ќе го добиете посакуваното.

Нудиме решенија, не сочувство

Звучи како политички слоган, ама тоа е вистината. Ако имате проблем и барате решение дојдете кај нас. Не очекувајте тешење и сочувство.

Не паметиме што сме рекле пред 6 месеци

Всушност, не паметиме што сме рекле ниту пред една недела. Ретко паметиме што сме јаделе вчера. Кога употребувате аргументи во расправија со зборовите „Ти тогаш го кажа ова и ова“, станувате крајно одбивни и напорни.

Не прашувајте дали сте дебели

Ако мислите дека сте здебелени, тогаш веројатно и сте. Не нè прашувајте и дефинитивно не лутете се кога одбиваме да одговориме на овие стапица-прашања.

Ако нешто што сме го рекле може да го дешифрирате на 2 начини, едното ве прави среќни, а другото тажни, тогаш сме го мислеле првото.

Мора ли за време на важен натпревар да се зборува додека трае? 

А секогаш како за инает за време на рекламите да се молчи?

Не, нема да го застанам човекот и да го прашам за насока. Не ме прашувај зошто, едноставно нема да прашам за правецот.

Разликуваме само 6 бои

Немам поим што е резеда, праска боја, пудра боја, бебешко розова или лешник-кафена. Ниту пак сакам да знам, ниту ме интересира.

Кога ве прашуваме што не е во ред и одговарате НИШТО, за нас навистина значи дека е ништо.

Знаеме дека понекогаш (секогаш) лажете, ама сето тоа испитување е беспотребно губење време. И онака на крајот секогаш си кажувате што ви е, откако сте се издрале како сме неспособни кретени за емоции и разбирање.

Кога прашувате прашање на кое не сакате искрен одговор, очекувајте одговор кој не сакате да го слушнете.

Кога треба да одиме некаде што и да облечете не прави никаква разлика. Сериозно, сè е добро.

Не нè прашувајте на што точно мислиме во моментов ако не сте подготвени да зборуваме за фудбал, обложувалници или Animal Planet.

Имате доволно облека.

Имате премногу чевли!

Не, не ви треба посебна чанта за секој пар чевли.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg