Не мора да знаете сѐ: Совети за бракот од разведена жена

Дадете му крилја да ги следи соништата и жалбите сведете ги на минимум.

soveti-za-brakot-od-razvedena-zena-001.jpg

Збир од неколку одлични совети за бракот од една разведена жена:

Обидете се да го видите најдоброто во партнерот и да се фокусирате на тие работи наместо на сѐ друго.

Имајте многу секс со партнерот, дури и кога не чувствувате некоја посебна потреба. Ќе ви донесе голема поврзаност.

Верувајте им на луѓето кои имаат долги и здрави врски. Тие успеале на тоа поле.

Дозволете си одмор еден од друг. Тоа не е игнорирање, туку неопходност. Дадете си личен простор.

Не обидувајте се да го поправите или промените партнерот. Прифатете го со лошото и со доброто.

Кажете му на партнерот дека ве импресионирал или ве направил среќни.

Запомнете дека вашиот партнер ве избрал.

Смејте се на неговите шеги, дури и кога не се смешни.

Одвреме навреме правете некои работи за партнерот, дури и да не сакате, дури и да не побарал од вас.

Охрабрете го партнерот да биде тоа што е и да ги следи своите соништа и мислете го тоа навистина.

Жалбите сведете ги на минимум.

Сакајте го партнерот на начинот на кој сакате и имате потреба да бидете сакани.

Извадете го вашето најдобро „јас“ секогаш кога можете. Не само физички, туку и ментално и емоционално.

Зборувајте за секс. Особено кога сакате да го имате повеќе или поразлично.

Не прифаќајте совети од непознати или барем дознајте прво некоја информација за нив.

И за себе поставете приближно високи критериуми, па дури и повисоки од оние што ги поставивте за партнерот.

Споделувајте ги чувствата, дури и тогаш кога не знаете како вашиот партнер ќе ги прими. Искреноста е неопходна.

Довербата е стекната, а не дадена. Продолжете да давате сѐ додека не стекнете комплетна доверба.

Ценете ги сите начини на кои вашиот партнер се обидува да ве сака, дури и кога нема да ве погодат директно во срце.

Застанете зад вашиот партнер во јавност без разлика на сѐ. Ако треба потоа приватно кажете му што прави погрешно.

Откривајте нови интереси и соништа заедно. Растете и бидете среќни заедно.

Сфатете дека вашиот партнер неизбежно ќе ви нанесе некоја болка и вие неизбежно ќе му го причините истото нему.

Не дозволувајте парите да ви го расипат бракот.

Заинтересирајте се за неговото минато. Не морате да знаете сѐ, но барем најважните мигови значајни за него.

Простувајте, дури и тогаш кога не сакате и кога не треба. Некои работи не се простуваат, но повеќето да.

Допирајте се постојано. Понекогаш допирите говорат погласно од зборовите.

Размислувајте за љубовта како за акција, а не само како за емоција.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg