На одмор во пар?

na-odmor-vo-par-povekjeЗа прв пат оваа година одите на заедничко летување со партнерката/ партнерот. До сега секоја година сте оделе со друштво, но оваа година дојде...

 

...редот на романтичен одмор во двојка.

Дали навистина ќе биде романтичен?

Летувањето со партнер/ка е навистина различно од она со пријателите/ките. Ова е ново искуство. За да биде убаво, мора да се подготвите на компромиси.

na-odmor-vo-par

1. Што очекувате од летувањето?

Кога одиме на одмор во друштво сакаме да се печеме на сонце, да посматраме згодни тела наоколу, а ноќта да ја поминеме во некој ноќен клуб до раните утрински часови.

Тоа веројатно нема да го правите во пар. Ако точно знаете како си го замислувате одморот поразговарајте со него/неа што очекува – одбојка на плажа или журкање?

Потребно е да пронајдете компромис кој ќе ве задоволи и вас и него/неа. Вие сакате диско, а тој мирна плажа? И тоа ќе се среди.

2. Одберете дестинација.

 Соодветно на вашите желби – природа, пусти плажи, вечери и заедничко друштво се одлични барања за некој далечен остров.

Но, ако сакате и простор за забава одберете место во близина на град кој нуди забавна програма во текот на цело лето.

3. Пребројте се.

 Ова важи за девојките. Кога одиме на одмор со другарки не е проблем ако заборавиме маскара или некое фустанче – може да позајмиме во секое време. Но, овој пат – се' што ви е потребно понесете си сами.

4. Отворени за нови искуства.

Немојте тврдоглаво да се држите за претходните искуства од летување. Го поминувате цел ден на лежалка? Зошто да не нуркате со него/неа? Бидете подготвени за нови искуства.

5. Уживајте.

Пред се важно е да уживате во заедничкиот одмор, далеку од сите и се. Опуштете се. Прилагодете се на него/неа и тој/таа нека се прилагоди на вам.

Би можело да ве интересира:

Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...
Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...
Луѓе ги споделуваат најсмешните митови за сексот што ги слушнале (и во кои верувале) (18+) „Кога бев во средно, тогашниот дечко ми рече дека поради триењето, сексот може д...
„По породувањето чувствував болка при секс и бегав од сопругот – Како успеав да го решам проблемот и... „Ако слушнете како некој се фали дека има многу секс по породување, немојте ведн...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Што е „предвремена интимност“ и колку време треба да чекате за првиот секс, според експерт за врски Знаете ли што е „предвремена интимност“? Таа не се однесува само на сексот, туку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg