Кавалери веќе не постојат, сон е да најдеш и маж кој ќе ти одговори на порака
За разлика од некои минати времиња, кога мажите морале да вложат многу труд за да ја освојат својата поубава половина, денес ситуацијата е драстично променета.
Тоа го докажува и истражувањето на Match.com, според кое сè помалку мажи се џентлмени, а со самото тоа и романтиката помеѓу партнерите веќе е исклучок, а не правило во врските.
Имено, челниците на сервисот за запознавање Match.com, спровеле занимливо истражување за машко-женските односи, а според добиените резултати, дури 73% од жените сметаат дека времето на кавалерството одамна поминало.
Во согласност со тоа, и нивните „романтични“ сништа се поврзани за однесувања кои би требало да бидат сосема нормални, а не се од припадниците на посилниот пол.
Анкетата открива дека 84% од жените би сакале фраерот да им се јави кога ќе вети дека ќе се јави, 80% од припадничките на понежниот пол посакуваат типот со кого се гледаат да им прати порака барем еднаш дневно, додекa 83% од испитаничките би сакале дечкото со кого излегле да провери дали безбедно пристигнале дома.
Најтажната желба се најде високо на листата – дури 82% од жените посакуваат мажот да им јави дека ја откажува средбата, наместо да глуми дека исчезнал од лицето на земјата.
Од друга страна, иако сакаат џентлмени, жените кои зеле учество во истражувањето, признале дека сепак постои граница помеѓу кавалерството и претераната грижливост.
38% од жените не сакаат мажите да им ја наместат столицата во ресторан, а 45% од нив ги нервира инсистирирањето на мажот тие први да нарачаат јадење или пиење.
Машкиот пол можеби ќе го интересира и податокот дека 60% од жените сакаат мажите да објават нивна заедничка фотографија на Фејсбук, како би им покажале на пријателите дека се зафатени и среќни, односно задоволни во емотивната врска.
Што мислите вие на оваа тема?
М. А. | Црнобело