За што најчесто се расправаат паровите пред да раскинат?
Постојат три типови на расправии, кои не се само безопасни кавги, туку речиси сигурни знаци дека на вашата љубов и истекува рокот на траење.
Кавгите и препирките се сосема нормални појави во секоја врска, но овие три значат дека крајот на врската е многу близу.
А, трите работи за кои најчесто се расправаат паровите пред да раскинат се:
За сексот
Вообичаено, паровите кои се незадоволни од својот сексуален живот, ретко имаат расправии на таа тема. Повеќето молчат и се трудат да ги поправат нештата.
Но, кога ќе дојде до тоа вистински да се расправате поради сексот, без разлика дали е во прашање неговиот квалитет, или пак, зачестеноста на односите, прекинот на врската е мошне реална можност.
За комуникацијата
Комуникацијата е клучна во врската, а кога таа ќе стане толку лоша, што поради неа континуирано се карате со момчето или девојката, тогаш нештата се особено сериозни.
Кога е комуникацијата во прашање, паровите најчесто се расправаат бидејќи еден од партнерите престанал да се труди, односно се затворил себеси.
За времето кое (не) го поминуваат заедно
Сосема нормално е двојките чија врска е веќе изградена сериозно, да поминуваат помалку време заедно, одошто на почетокот.
Но, доколку проблемот околу заедничкото минување на времето прерасне во честа тема за расправии помеѓу партнерите, тогаш можно е прекинот на врската да се крие зад аголот.
А, најчесто, затоа што едната личност едноставно веќе нема потреба од другата.
М. А. | Црнобело