Преценети места за секс
Плажа, автомобил, кујна, авион – места кои се наметнуваат речиси секогаш во секси фантазиите. Некогаш се одлични и соодветни локации, но често...
...се покажуваат како преценети.
Зошто?
1. Плажа. Лето, море, романтика, бранови – зарем постои пожешко место за секс?
Тераса од апартманот со поглед на море? На прв поглед замислата е идеална. Но, ако подобро размислите – песокот е се само не и практичен – по сексот ќе го најдете во сите ваши отвори. Камењата се опасни и крајно неудобни.
2. Кујна. Освен ако немате голема и стабилна трпезариска маса – заборавете.
Во најголем број случаи страста не обзема во најнезгодни момент. Да не поменуваме на ладното оружје на секој чекор во кујната па може некој да излезе повреден на крај. И за потсетување – утре треба да јадете и готвите баш таму.
3. Во авион. Ако летате на подолги релации каде тоалетот е малку поголем може да откриете што значи секс во авион.
Но, се чини дека колку е пократка релацијата – толку е помало и вецето. И во најголем број случаи тука е стјуардесата која ќе ве погледне на криво.
4. Во автомобил. Се зависи од тоа каков модел имате. Колку поголем толку поудобен – толку е и сексот подобар.
Но, внимавајте каде паркирате, да не се сретнете со пазачите.