Дали сексот може да го замени вежбањето?
Дали некогаш после секс сте се чувствувале како да сте вежбале? Сите размислувале за тоа, но никој не сака навистина да го постави прашањето и да признае.
Интересно е тоа што истражувањата покажуваат дека жените кои вежбаат почесто, имаат поактивен сексуален живот и имаат поголемо либидо од жените кои не се физички активни.
Но, сепак можете ли да го замените вашиот секојдневен тренинг со секс?
Сексот троши 4 калории на минута, во зависност од тоа колку авантуристички пози сте спремни да пробате.
Ако поминете 30 минути на лента за трчање, ќе истрошите околу 150 калории. Ако поминете 30 минути во вашите чаршафи, веројатно ќе потрошите сличен број на калории, што го прави сексот легитимен избор за тренинг.
Во зависност од тоа колку е авантурстички сексот, вашето срце може да достигне и до 100 отчукувања во минута. 100 отчукувања во минута е солидна цел за добро здравје на вашето срце.
Сепак, иако сексот е докажано здрав, сè уште не треба да се откажете од теретаната. Сексот не го забрзува вашето срце доволно за да се смета дека е подобро вежбање од кардио.
Колку и да е здрав сексот, сепак е добра идеја да вежбате неколкупати неделно надвор од вашата спална соба.
Ако сте доволно амбициозни, бидете креативни и пробајте да внесете една утринска сесија секс пред вашиот тренинг. Заклучокот е дека сексот навистина може да го замени вашето кардио вежбање, во зависност од тоа колку е интензивен.
Други придобивки од активен сексуален живот се: подобрено расположение, зголемено ниво на окситоцин, подобар сон и подобар имунитет. Кога на овие придобивки ќе ја додадете и вашата фитнес кондиција, го добивате целосниот пакет.
Затоа, пробајте да трошите калории на забавен начин - не може да ви наштети.
А. В. | Црнобело