Митови во кои жените веруваат откако ќе му се вратат на бившиот

Многу жени се обидуваат да ја обноват врската со бившиот партнер. Некои се сé уште заљубени и сакаат уште една шанса, а на некои им недостига сигурноста која ја имале додека биле во врска.

5-mitovi-vo-koi-zenite-veruvaat-otkako-kje-mu-se-vratat-na-bivshiot-01.jpg

Не паѓајте во замка само затоа што ви недостигаат убавите моменти со некој.

Ова се 5-те најчести митови во кои жените веруваат кога се враќаат на старата љубов:

1. Никој не го познава подобро од мене

Тоа е точно, но веќе сте биле во врска, па знаете што да очекувате, а тешко дека го променил карактерот досега.

2. Овој пат ќе биде различно

Најголем број жени се лажат себеси дека работите се сменети и сега сé ќе биде во ред. Понекогаш можеби е така, но внимавајте и не дозволувајте да бидете заслепени од оваа помисла.

3. Никогаш нема да најдам подобар

Овој став е многу погрешен. Светот е полн со добри и искрени луѓе, па обидете се да размислувате позитивно.

4. Никој не е совршен, па што?

Целата врска ја поминавте во оправдувања за неговите маани и лоши навики, па време е да престанете да верувате во она што сами си го кажувате.

5. Немам време да запознавам други

Знаеме дека сакате да останете во комфорната зона, но верувајте дека постои некој што е подобар, само треба да имате трпение.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
6 митови поради кои си го уништувате задоволството во сексот, според експерт Мислат дека секој однос треба да биде спонтан и веруваат дека страста е поважна ...
Луѓе ги споделуваат најсмешните митови за сексот што ги слушнале (и во кои верувале) (18+) „Кога бев во средно, тогашниот дечко ми рече дека поради триењето, сексот може д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg