Знаци кои укажуваат дека момчето со кое излегувате не треба да ви биде дечко, туку само пријател
Веројатно сите сме ја поминале оваа фаза во животот – излегувате со некој кој е супер, но нешто недостасува во врска со целиот тој однос. Нема некоја особена мистерија, ниту возбуда, туку едноставно се чувствувате удобно и пријатно.
Сфаќате дека момчето нема никаков проблем да ви се исповеда за најмала ситница или да прави некои работи кои барем во почетокот на врската би требало да се одбегнуваат, како на пример да ви прави муабет со отворена врата додека седи на тоалетната школка.
Дали момчето со кое излегувате нема никаков потенцијал да ви стане сериозен партнер во иднина, бидејќи не е ништо повеќе од најдобар пријател со кого имате секс?
Дознајте преку следните 7 знаци кои укажуваат токму на таа ситуација:
Сексот е просечен
Ниту премногу добар, ниту премногу лош. Всушност, сосема рутински. Недостасува сексуална поврзаност и хемија, но веројатно и двајцата си помислувате подобро ваков, отколку никаков.
Потајно сте заинтересирани за други луѓе
Се возбудувате додека „манијачите“ некого на Инстаграм или Фејсбук и чувствувате како срцето ви чука побрзо додека се запознавате со ново симпатично момче. Со еден збор, немате чувство дека сте во врска, туку како да сте сингл девојка.
Ја започнавте врската како пријатели
Вие веројатно веќе бевте пријатели или добри познаници кога одеднаш решивте да се обидете да бидете во заедничка врска. Но, не секое пријателство прераснува во добра љубовна врска. Со некои луѓе ти е судено да останеш само пријател.
Немате никаков срам еден пред друг
Ова од една страна е одлично и сосема во ред за нормални, долги љубовни врски, кои се засноваат на траен и сериозен однос. Но, доколку уште на почетокот се однесувате повеќе како цимери, отколку како момче и девојка, пишете „пропаднато“.
Отворено се исмејувате еден со друг
Еве го повторно тој однос кој е прилично забранет во една сериозна врска – постојано исмевање на партнерот. За неговите/нејзините лоши навики за кои постојано се коментира со некој потсмешлив саркастичен тон, а најлошо од сè е кога тоа се случува пред други блиски луѓе.
Сте се помириле дека тоа е најдобро што можете
Во одредена фаза во животот ве фаќа паника дека нема да пронајдете никој кој ви одговара целосно, па сте се помириле дека ако ништо друго, барем ќе имате врска со вашиот најдобар пријател. Но, никогаш не треба да се помирите и да престанете да го барате најдоброто за себе.
Врската не ве прави подобри луѓе
Добро се познавате и сте се помириле со тоа дека нема ништо страшно ако се опуштите пред партнерот во секоја смисла на зборот. Но, таа слобода не ве прави подобри луѓе, не ве тера да напредувате или да направите нешто значајно.
Напротив, ве уназадува и сè што правите е поврзано со лежење на каучот и немрдање од мртва точка. А добриот партнер треба да ве мотивира и охрабрува да постигнувате успеси, не константно да бидете на статус-кво.
(О)Милена | Црнобело