5 обични работи кои лесно ги возбудуваат жените

За дел од припадничките на понежниот пол, причината за сексуална возбуда не мора да биде некаков романтичен гест на мажот, туку тоа може да бидат и секојдневните ситници.

5-sekojdnevni-raboti-koi-lesno-gi-vozbuduvaat-zhenite-1.jpg

Колку долго и да сте во врска, токму ситниците се тие кои ја одржуваат стабилноста на вашиот однос со партнерот.

А, петте секојдневни работи кои мошне лесно ги возбудуваат жените, но и причините зошто тоа е така, ви ги откриваме во продолжение:

1. Негoвиот глас

Длабокиот глас асоцира на доминација и сила. „Женското тело поинаку реагира на различните машки гласови, а кои може да ги поврзат со секс или романтичност, што не е толку значајно кога се женските гласови во прашање“, открива експертката за односи помеѓу половите, Ејприл Масини.

5-sekojdnevni-raboti-koi-lesno-gi-vozbuduvaat-zhenite-2.jpg

2. Неговите раце

Тука говориме за тоа како жените реагираат на цврстите наспроти негуваните раце на мажите. „Колку се поголеми и посилни, толку подобро!“, вели Масини. „Има нешто во силните раце, па макар тие биле прекриени и со плускавци, што кај жените буди возбуда повеќе од деликатните дланки.“, додава експертката.

5-sekojdnevni-raboti-koi-lesno-gi-vozbuduvaat-zhenite-3.jpg

3. Сериозни веѓи

Мажите кои изгледаат среќно се помалку атрактивни во женските очи, одошто тие со горделив и сериозен израз на лицето – откриваат резултатите од едно спроведено истражување.

5-sekojdnevni-raboti-koi-lesno-gi-vozbuduvaat-zhenite-4.jpg

4. Неговата униформа

„Униформата имплицира дека тој стекнал моќ и ја покажува преку облеката.“, истакнува Масини. „Во близина на маж во униформа - без разлика дали тоа е бизнис костум, докторски мантил или војничка опрема - веројатно многу жени ќе се чувствуваат безбедно, а таквата сигурност е секси. Воедно, покрај мажествен мaж, ќе се чувствуваат и уште поженствено.“, заклучува таа.

5-sekojdnevni-raboti-koi-lesno-gi-vozbuduvaat-zhenite-5.jpg

5. Домаќински работи

Поделбата на домаќинските работи стана особено важна за функционирањето на една врска. Праведната поделба на обврските значи и емотивна поддршка на партнерот, а тоа е причината поради која жената се возбудува кога ќе го види како пере, готви, или, пак, оди по намирници во продавница.

5-sekojdnevni-raboti-koi-lesno-gi-vozbuduvaat-zhenite-6.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg