30 правила благодарение на кои ќе имате фантастичен секс после 30-тата
Сите мислат дека до 30-тата знаат апсолутно сè што може да се знае на тема секс и интима.
Сепак, има толку многу незадоволни мажи и жени.
Овие 30 златни правила ќе ви помогнат да имате фантастичен секс во 30-тите, затоа не ги игнорирајте:
1. Ништо не е посекси од тоа да му покажете на другиот што сакате.
2. Но, прво мора да истражите сами што сакате.
3. Обидите да завршите во исто време се нереални и речиси невозможни, затоа не си го создавајте непотребниот притисок.
4. Не го судете партнерот од првото сексуално искуство.
5. Маникирот, педикирот и интимната фризура се релативна работа која не треба да ви одредува дали и кога ќе имате секс.
6. Бројот на партнери не е показател дали некој е добар или лош во кревет.
7. Клучот за загарантиран оргазам – мастурбација.
8. Комфорот е исто така клучен. Нека ви биде удобно, што и да правите.
9. Сосема е во ред да кажете дека нешто никогаш не сте пробале.
10. Или не сакате да пробате.
11. Лубрикантите секогаш треба да ви бидат при рака.
12. Безобразното зборување не значи пцуење „како кочијаш“.
13. Никогаш не бидете интимни со некој кој нема барем малку хумор во себе.
14. Старо, но добро правило: Кегелови вежби.
15. На секој му требаат точни и прецизни инструкции – да и не се одлични зборчиња.