Лекот е во хобито: 6 заеднички активности што ќе ја зајакнат вашата врска
За посилна и посреќна врска одберете заедничко хоби и откријте особини еден кај друг кои не сте ги знаеле дотогаш.
Ако чувствувате дека ви е здодевно тоа не значи дека не го сакате партнерот повеќе. Најверојатно е вистинско време за да пронајдете нешто ново што ќе ви биде интересно да го правите заедно.
Новото хоби многу лесно може да ве зближи со саканата личност.
Еве 6 интересни идеи:
Готвење
Без разлика дали е кинеска или француска, изучувањето на нова кујна може да донесе многу забава за паровите. Не само што е креативно, туку и корисно.
Одењето на часови е одлично, но ако не сакате да излегувате од дома само отворете еден од низата туторијали на YouTube и за нула денари научете нови интригантни рецепти.
Едниот нека биде главен готвач, другиот помошник и ќе бидете совршен пар.
Физички активности
Има повеќе спортови кои поинтересно е да се практикуваат со партнерот. Велосипедизмот, трчањето, дигањето тегови, јогата и планинарењето се само дел од нив.
Кога ќе си поставите ваков предизвик ќе имате шанса да си бидете поддршка еден на друг. Воедно ќе го подобрите здравјето и ќе постигнете работи за кои претходно никогаш не сте верувале дека се возможни.
Заедно ќе тежнеете кон нови цели и ќе воспоставите подлабока врска.
Учење нов јазик
Учењето нов јазик е најтешката активност на листата, но сепак корисна. Дали некогаш сте размислувале за патување во некоја друга земја?
Ако е да, тогаш одберете дестинација што и двајцата ве интересира. Откако ќе одберете, спроведете истражување, симнете апликација за учење на јазикот на таа земја и започнете од кажувањето „те сакам“ еден на друг на тој јазик.
Игри
Можеби звучи детски, но учењето на нова игра заедно е одличен начин за изострување на умот. Можете да започнете со некоја онлајн игра.
Игрите бараат стратегија, па оваа активност ќе ја подобри вашата комуникација и тимска работа.
Танцување
Без разлика дали е валцер или хип-хоп, танцувањето со партнерот ќе помогне да се координирате и да го подобрите физичкото и ментално здравје.
Учењето нови чекори со некој што го сакате ќе го направи многу позабавно. Исто така тоа ќе ве зближи и ќе ја разгори романтиката.
Реновирање
Сигурно имате некоја просторија која одамна е претрупана со работи и никако да се одлучите да ја средите. Заедно со партнерот полесно ќе го сторите тоа, а на крајот можете да освежите и со некоја нова боја на ѕидовите и интересни саксии.
Проектот на реновирање во вашиот дом ќе ве исполни со задоволство и работењето заедно кон иста цел ќе ве зближи.
С. С. | Црнобело