Три прашања што ќе ви откријат: Дали ви треба промена во сексуалниот живот?

Ова не е тест, не постојат точни и погрешни одговори.

tri-prashanja-shto-kje-vi-otkrijat-koi-ste-vie-seksualno-001.jpg

Прашањата се наменски направени за да го поттикнат вашето размислување за да одлучите каков тип на секс сакате.

Нашата култура, минато, пријатели, семејство се само дел од влијанијата во креирањето на нашите „правила“ во креветот, кои не спречуваат да имаме задоволувачки сексуален живот.

Вистината е дека добриот секс се сведува на слушање на себеси и сопственото тело.

Откако ќе ги одговорите овие прашање, направете пауза и донесете одлука околу тоа што сакате да продолжите да правите, а што сакате да промените во вашиот сексуален живот.

За време на сексот, колку се фокусирате на тоа што партнерот можеби мисли за вас?

Ако вашиот одговор е „никогаш“, тогаш одлично. Но, многу од нас се грижат за време на сексот – дали на мојот партнер му се допаѓа ова, дали ме сака, дали ми изгледа добро телото во оваа поза? Судењето на себеси за време на сексот речиси секогаш го попречува задоволството.

Во вакви ситуации најдобро е неколку пати да вдишете длабоко низ нос, бавно да издишувате низ уста и да ја ставите вашата дланка врз срцето. На овој начин си давате љубов сами на себе, па обидете се да ги зачувате тие топли чувствува и да уживате со партнерот.

Зошто го правите тоа што го правите?

Многу луѓе завршуваат со сексуални проблеми поради прифатените правила околу сексот, како на пример: „Мажите не сакаат да даваат орален секс“, „Ако не сврши, значи не уживал“, „Нема шанси да прифатам секс во тројка“.

Строгите правила за сексот може да наштетат на вашата врска и да бидете заглавени во тоа како вашето искуство треба да биде, наместо да искусите какво би можело да биде.

Малку омекнете ги вашите сфаќања и видете што ќе се случи со вашиот сексуален живот. Можеби не да направите тројка, но барем да фантазирате со партнерот за тоа.

Дали имате сексуална личност?

„Јас во сексот ќе пробам сè - еднаш“, е фамозен цитат на Саманта од серијата „Сексот и градот“.

Многу жени имаат сексуална личност  која ги етикетира на некој начин. Дали можеби сте тип кој постојано избегнува интимност или пак тип кој постојано привлекува партнери? И најважното, дали тоа ве спречува да бидете присутни во моментот и да правите чесни избори?

Ако да, тогаш паузирајте. Сега размислете како би било да се покажете вистинската вие. Може да ви изгледа тешко и ризично, но за одличен секс често е потребен скок на вербата.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg