4 реченици кои мажите и жените ги сфаќаат сосема различно
Познато е дека мажите и жените имаат различни гледишта на една иста работа. Поради тоа, понекогаш се чини дека зборуваат на различен јазик.
Следниве 4 фрази се едноставни и недвосмислени, но сепак мажите и жените имаат различни толкувања за нив.
„Треба да разговараме“.
Мажи: Секогаш кога ќе ја слушнат оваа реченица, мажите автоматски мислат дека има некој голем проблем, па веднаш стануваат напнати.
Жени: Комуникацијата за жената значи зближување со партнерот. Не мора да значи дека има некој проблем, туку само дека треба да се разговара за некој дел од врската со цел да се подобрат односите.
„Во ред е“.
Мажи: За мажите, „ок“, „добро“ и „во ред е“ имаат сосема нормално значење, без никаква скриена порака.
Жени: Ваквите фрази најчесто жените ги кажуваат на малку дрзок или безобразен тон и секогаш мислат нешто друго, обично со спротивно значење (дека нешто не е во ред, на пример).
„Ајде заедно да го направиме тоа“.
Мажи: Според истражувањата, повеќето мажи преферираат да постигнуваат успеси сами, а не како дел од тим.
Жени: Жените се обично подруштвени од мажите, па важно им е одредени работи да прават тимски. Така си докажуваат себеси дека не се сами.
„Тоа е машка работа“.
Мажи: Кога мажите кажуваат дека нешто е машка работа, обично не знаат како да го објаснат тоа на друг начин, а понекогаш и станува збор за нешто интимно за кое не сакаат да зборуваат.
Жени: Оваа фраза предизвикува негативна реакција кај жените бидејќи веднаш помислуваат дека мажот сака да ги навреди или мисли дека не се доволно способни за да направат нешто што го сметаат за „машка“ работа.
М. В. | Црнобело