Има да заспиете за 2 минути: Како реално изгледа првата брачна ноќ?
Младенците знаат да имаат превисоки очекувања за нивната прва брачна ноќ. Си прават слика во главата дека тоа ќе биде една од најубавите вечери во нивниот живот. Но, често работите не испаѓаат како што сме ги планирале.
Во продолжение прочитајте ги искрените одговори на неколку сопружници кои објаснуваат што реално се случува на првата брачна ноќ.
„Лежев на подот во дневната, јадев чипс, па отидов да повраќам од што испив премногу алкохол и на крај си легнав.“
„Имаше глушец во хотелската соба, претходно украсена со романтични свеќи, листови од рози и балони. Додека го бркавме, направивме лом и сé се растури. Цела вечер се будевме на секој звук - мислевме да не е глушецот.“
„Маж ми заспа во првите две минути, облечен и со чевлите на него. А, и мајка ми беше со нас во собата. Цела вечер си гледав серии на Нетфликс.“
„Бевме во караоке-бар и се изнапеавме. Се вративме во собата, земавме кафе долу од хотелот и им враќавме на сите што ни честитаа на Фејсбук.“
„Спиев на еден кревет со бебето бидејќи уште го доев, а маж ми спиеше на другиот кревет.“
„Прво се истуширавме бидејќи бевме испотени од играње цела вечер. После имавме секс, околу 2 по полноќ. Изгладневме, па отидовме до едно ресторанче на истата улица и јадевме пица.“
„Се венчавме во црква во студентскиот кампус каде што се запознавме. Потоа, отидовме во една соба во студентскиот дом и гледавме филм, па заспавме.“
„Маж ми ми помогна да ја соблечам огромната венчаница и тоа беше долг процес. Потоа, ми помогна да ги извадам сите шнолички од фризурата. Бевме преморени, па јадевме колачи и си легнавме.“
„Пиевме шампањ и јадевме чоколадо, па почнавме со отворање на подароци. После тоа, заспавме.“
М. В. | Црнобело