4 клучни совети кои можат да ви го спасат бракот
Несомнено е дека сите бракови имаат подеми и падови и доживуваат кризни моменти. Тоа е нешто што никој не успеал да го избегне.
Но, како реагираме и како се однесуваме во тие моменти е клучно ако сакаме да го спасисме она што го имаме заедно.
Факт е дека во последно време сé поголем број луѓе одлучуваат да се разведат. Сепак, не избрзувајте со конечна одлука.
Следниве пет универзални совети можат да ви помогнат да ги издржите кризите и да бидете уште позаљубени во бракот.
Разговарајте отворено
Комуникацијата е секогаш на прво место, на сите листи. Не го избегнувајте соочувањето со партнерот. Дури и во моментот да ви изгледа тривијално и безначајно, седнете и поразговарајте за сé што ве мачи.
Немојте постојано да упатувате критики
Обично овој проблем почесто се јавува кај жените. Никој не сака постојано да биде критикуван за најмали работи. Наместо тоа, размислете од каде доаѓа однесувањето што ве нервира и како можете да ги подобрите работите за и двајцата да бидете задоволни.
Имајте активности кои се поврзани само со вас
Сосема е во ред да не одите секаде заедно и да не правите сé заедно. Ако сте во брак, не значи дека се откажувате од сопствениот идентитет, желбите и интересите. Излегувајте секој посебно понекогаш, сам или со своите пријатели. Ова ќе ве спаси од многу кавги.
Фокусирајте се на добрите карактеристики
За време на брачна криза, многу е лесно да ги набројуваме сите работи кои ни сметаат кај другиот. Убаво е одвреме-навреме да се потсетуваме зошто сме се заљубиле во оваа личност и што е она што ни се допаѓа кај другиот. Верувајте дека овој начин на размислување секогаш вродува со плод.
М. В. | Црнобело