Не легнуваат во кревет налутени - дали и вие сте среќен пар?

Мора да сте ги забележале – на улица, во ресторан или во парк, паровите кои зрачат со посебна магнетска привлечност додека се смеат, разговараат или се држат за раце. Кога се гушкаат и вие се топите заедно со нив и посакувате да доживеете таква среќа.

Ne-legnuvaat-vo-krevet-naluteni-dali-i-vie-ste-del-od-srekjen-par-01.jpg

Да се биде една половина од среќен пар не е секогаш едноставно и лесно. Сепак, постојат неколку универзални „правила“ кои ги одвојуваат среќните парови од оние помалку успешните.

Што прават тие и која е тајната за нивната среќа?

Си даваат комплименти пред другите луѓе

Луѓето кои се дел од една здрава и среќна врска зборуваат позитивни и убави работи еден за друг пред своите пријатели, деца, роднини, па дури и колеги и колешки.

Ова е сосема спротивно од оние кои постојано и јавно ги истакнуваат негативните особини на партнерот.

Тие отворено споделуваат: „Маж ми е добар мајстор“. „Мојата сопруга готви феноменално“.

Споделувањето комплименти пред другите луѓе е одличен начин да се покаже благодарност, но и да се зајакне поврзаноста и близината меѓу партнерите.

Без оглед на обврските, секогаш наоѓаат време едни за други

Да се биде дел од една среќна врска значи секогаш да се одвои време за партнерот во текот на денот, без оглед колку и да е хаотичен и исполнет со обврски. Не е важно дали станува збор за прошетка со кучето, разговор во доцните часови со чаша вино откако децата ќе заспијат или гледање на омилената серија заедно. Време за партнерот мора да се има, макар биле и 20 минути дневно.

Се смеат често и слободно

Среќните парови не ги поимаат работите пресериозно ниту ги земаат при срце. Тие умеат да се смеат за реални, но и тривијални ситуации. Тие успеваат секоја негативна ситуација на крајот да ја свртат на малку шега и работите стануваат веднаш полесни.

Ги ценат позитивните работи кај партнерот, наместо да ги истакнуваат негативните

Лесно е да се наоѓаат мани и да се истакнуваат негативните особини. Луѓето кои се дел од една среќна врска не се фокусираат на жалби. Секогаш прво ги истакнуваат добрите работи кај партнерот. Тоа не значи дека не им укажуваат на лошите карактерни особини, туку едноставно не им го „тријат носот“ постојано со укажувањата.

Емпатични се и свесни како е да се чекори во туѓи чевли

Ова е најдобриот начин за да се признае дека не се согласувате со некого, но го сфаќате и разбирате зошто мисли или се однесува така.

Бидејќи една среќна врска не може да се одржи без грам емпатија. Како би ви било кога партнерот никогаш не се става во вашата ситуација и не сфаќа колку ви е тешко на работа?

Секогаш го известуваат партнерот кога се враќаат дома

Лошо е да се живее со чувство на горчина кога партнерот не ве известува за неговите одлуки од типот на наједноставните – кога се враќа дома. Се чувствувате како да немате никаков приоритет пред останатите луѓе или обврски, како да не значите воопшто.

А толку е едноставно да се јавите или да испратите порака додека сте излезени со другарките и да кажете – Си доаѓам тогаш и тогаш.

Среќните парови добро ја имаат научено оваа лекција и се чувствуваат сакани, вредни за внимание и на некој начин сигурни.

Не престануваат да флертуваат еден со друг

Без разлика дали се 3 или 30 години во врска, среќните парови не забораваат на флертот. Во спротивно врската почнува да избледува и станува прилично монотона.

Среќните луѓе флертуваат со партнерите, факт! Без разлика дали станува збор за секси комплименти, штипкање или нежно бакнување во вратот.

Не се расправаат нечесно

Веројатно помисливте дека среќните парови се совршени и во нивниот свет не постои зборот караница. Секако дека не е така. Тие имаат недоразбирања и повишување на гласот и караници како и сите други луѓе. Но, кавгите се чесни, без удари „под појасот“.

Не се нарекуваат со погрдни имиња и не ползуваат ситуации од минатото за да го повредат другиот.

Простуваат и созреваат наместо да држат лутина

Недоразбирањата, несогласувањата или караниците кај среќните парови не се проследени со емоционално оддалечување. Како што би рекле некои луѓе – Не си легнувајте во кревет лути.

Обата партнери може да прават грешки, но оние во среќни врски знаат да се извинат и да побараат прошка.

Зрелите партнери знаат да продолжат понатаму без да се вртат постојано назад или да живеат со срце полно гнев и горчина кон партнерот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg