Совети за врска на далечина
Пред да се појави модерната технологија, одржувањето врска на далечина било многу потешко со оглед на времето кое што било потребно за да...
... се добие нечие писмо.
Сега ситуацијата е малку поинаква и она што некогаш се чинело невозможно, сега е дел од секојдневниот живот со помош на мобилниот телефон или пак со компјутерот и брзиот интернет.
Ова се некој од начините со чија помош можете да ја одржите вашата врска на далечина:
1. Електроска пошта
Во денешно време скоро сите имаат e-mail, а пак кај врските на далечина е-поштата е многу корисна. Преку неа можете да пишувата повеќе пати на ден, детално да објаснувате се' што е потребно и она што ви се случило во текот на денот. Исто така можете и да додате некој фотографии.
Не мората да бидете во исто време пред компјутерот, а сепак можете да го опишете вашиот ден на тој што ќе посакате.
2. Chat
Можете да го користите оној обичниот, на пр: facebook chat или пак оној со повеќе можности (skype каде што можете да се видите со помош на камера). На овој начин ви е овозможена полесна комуникација, а единствениот предуслов е и двацата во исто време да бидете пред компјутер.
3. СМС Порака
Каде и да бидете, со вас секогаш го носите мобилниот телефон. Искористете го за да ги израдувате момчето или девојката со тоа што ќе им испратите порака со содржина што правите, каде сте во моментот и немојте да заборавите да напишете колку ја/го сакате.
4. ММС Порака
Сите занимиливости кои ви се допаѓаат и кои можете да ги сликате испратете му ги на својот партнер. 5
5. Facebook
Преку Фејсбук или пак некој друг профил. Ставајте фотографии, ликнкови, пишувајте статуси, коментирајте одредени слики и слично.