Топ совети да му се допаднете
Мажите не се ни приближно комплицирани како што жените мислат дека се, па бидејќи се едноставни за комуникација, еве како да ја...
... искористистите таа нивна карактеристика во своја полза:
1. Мислите нека ви бидат јасни
Мажите сакаат девојка која можат лесно да ја разберат. Нормално, не зборуваме во насока да бидете "прости", но немојте да бидете премногу комплицирани уште на почеток. Поради тоа со него немојте да играте тешки игри и немојте секоја ситуација да претворате во нова тема за во Шоуто на Опра!
2. Секогаш, ама СЕКОГАШ останете свои!
Иако ова е советот кој можеби во повеќе прилики сте го добиле, сепак тој е еден од основните работи кои никогаш не смеете да го игнорирате. Голема е веројатноста дека момчето со текот на времето ќе ја препознае вашата глума, бидејќи ако бевте добри актери, веројатно ќе стигневте до Холивуд.
3. Пуштете ја косата
Иако за секое машко, па и личност - вкусот е индивидуална карактеристика, во принцип, мажите сакаат долга, пуштена коса.
4. Имате мозок - искориетете го!
Не треба да бидете научници за да привлечете момче, но ако единствени теми за разговор ви се потпетици и трачеви за актуелната шема, сигурно нема да успеете да задржите никој во своја близина.
5. За крај - изгледајте негувано и добро
Не треба да бидете преубави, предотерани и нашминкани како за маскенбал за некој да се заинтересира за вас, но бидете уредни, средени и искористете го максимално она што го имате.