9 прашања кои ќе одредат дали сте заљубени или само емотивно зависни
Љубовта која е постојано проследена со страв, дефинитивно не е љубов. Повеќе би рекле дека е потреба.
Но, за жал, оние кои се само емотивно зависни, но не и заљубени во својот партнер, не се свесни за тоа.
Па, еве ви шанса да проверите.
Искрено одговарајте со да и не на следниве прашања:
1. Дали вашата самодоверба постојано зависи од состојбата и зборовите на партнерот?
2. Дали сте љубоморни кога партнерот минува време со други лица, дури и ако тоа се неговите родители?
3. Дали сте опсесивно исплашени дека ќе ве остави за некој/а друг/а?
4. Дали чувствувате самотија кога партнерот не е до вас?
5. Дали сметате дека е алармантно доколку партнерот не ви се јави во точното време кога рекол дека ќе го направи тоа?
6. Дали повеќе го вреднувате неговото/нејзиното мислење за вашите блиски, отколку мислењето на вашите блиски за него?
7. Дали верувате дека може да го претворите партнерот во личноста која отсекогаш ја посакувавте, иако во моментов е далеку од таа слика која ја имате во главата?
8. Дали сакате светот да знае дека партнерот ви припаѓа вам?
9. Дали чувствувате дека нема да можете да живеете доколку партнерот ве остави?
Доволно е да имате 5 „да“ одговори за да сфатите дека не сте во љубов.
Љубовта не би требало да е контролирана и задушена и тоа треба да го знаете.
М. Д. | Црнобело