За што сè црвенеат луѓето во текот на сексот?
Вообичаени, изненадувачки или комични – ова се дел од причините поради кои партнерите чувствуваат непријатност за време на односите.
Сексот е прекрасен, но само под услов нештата да не отидат во лош правец. Со најновото истражување за непријатните ситуации во текот на сексот, опфатени биле 2000 луѓе, а направениот список е...па, интересен.
На пример, дури 13,3% од испитаниците доживеале грч во ногата за време на сексуалниот чин, што за нив било особено непријатна ситуација. Од ним познати причини, 11,3% го сметаат за проблематично оставањето на отворени прозорци во текот на сексот.
Проблемот со прекраткото траење на сексуалниот однос го признале исто така 11,3% од луѓето, додека 9,9% од нив како голема нелагодност го наведуваат уривањето нешто на подот при сексуалниот жар.
Несреќните 7,2% се нашле во ситуација некој да ги затекне среде секс, влетувајќи им на лице место додека имале односи. На 6,1% од испитаниците, пак, им се случило нешто да им се пролее, па црвенееле поради тоа, а 6% од луѓето како непријатност го доживуваат сопствениот пад од креветот или каучот.
Свиткувањето на пенисот во погрешна насока е уште причина за црвенило на 6% од испитаниците, скршениот кревет бил непријатно искуство за 5,5% од нив, додека гласното испуштање гасови за 4,5%.
Ако може да им се верува на резултатите, на дното на листата се наоѓа ситуацијата, чија зачестенот е во 3,5% од случаите – случаен бакнеж под пазув за време на сексот.
М. А. | Црнобело