Математичка формула за љубов: Колку долго ќе ви трае врската?
Љубовта можеби не е математика и тешко е да се опише со броеви, ама научниците кои се занимаваат со истражување на човековите односи тврдат дека успеале да формираат вистинска математичка формула за тоа колку ви е цврста врската, односно колку долго ќе трае.
Сакате да откриете колку долго ќе трае вашата врска? Земете лист и хартија и обидете се да видите дали е точна следнава математичка формула:
Формула за љубов:
L= 8 + 5Y - 2P + 9Hm +3Mf + J - 3G - 5(Sm - Sf)2 + I + 1,5C
Варијабли:
L = резултат, односно предвидено траење на врската во години
Y = број на години колку партнерите се познавале пред да стапат во врска
P = број на претходни партнери (изброени заедно и на двата пара)
Hm = колку на мажот му е важна искреноста во врската
Mf = колку на жената ѝ се важни финансиите
J = колку им е важен хуморот и на двајцата партнери
G = колку е важен изгледот и за двајцата партнери
Sm = колку му е важен сексот на мажот во врската
SF = колку ѝ е важен сексот на жената
I = колку им е важен односот со родителите и на двајцата партнери (собран заедно)
C = колку им се важни децата на двајцата партнери (сегашни или идни)
Напомена: Секоја варијабла се вреднува од 1 до 5 (1 ако воопшто не им е важно, 5 ако им е многу важно).
Н. Г. | Црнобело