Колку долго трае чувството на блискост после сексот?
Дали по сексуалниот однос чувствувате посебна блискост со својот партнер? Прочитајте колку трае оваа состојба.
Познато е дека сексот е добар за здравјето, одржување на убавиот изглед и одличен начин да му се приближите на партнерот. По сексуалниот однос, луѓето чувствуваат посебна блискост со својот партнер, а сега научниците открија и колку долго нè „држи“ сексуалната доза енергија и љубов.
Истражувачите од државниот Универзитет на Флорида, направиле два експерименти. Во првиот учествувале 96 парови, додека, пак, во вториот зеле учество 118 љубовни двојки.
Во период од две недели, испитаниците пополнувале дневни прашалници во кои одговарале на прашањата – дали имале однос во текот на денот и дали се задоволни од животот со својот партнер. Учесниците биле подложени и на други тестови, кои го проценувале задоволството од односите.
Резултатите од истражувањето покажуваат дека задоволството и чувството на блискост после сексот може да траат и до 48 часа, односно два дена по сексуалниот однос.
Поради тоа, паровите кои често имаат секс се генерално позадоволни од квалитетот на односите. Покрај тоа, нивното задоволство се огледува и во другите области од животот.
Луѓето кои може да се пофалат со успешен сексуален живот, имаат помалку проблеми на работа и добро се сложуваат со луѓето во својата околина.
Зарем тоа не е уште една причина што побргу да ја загреете атмосферата во спалната соба?
М. А. | Црнобело