Направете го љубоморен!
Оживувањето на врската е здрава работа помеѓу партнерите, но за тоа потребен е голем труд. Ако вашето момче или сопруг во последно време...
... одвај забележува дека сте влегле во собата или е толку зафатен со гледање на фудбал па нема време за вас, време е за тајното оружје - љубомората!
1. Огледалце, огледалце мое, кажи на светот најубав кој е
Добро поглденете се - изгледате ли секси? Закажете си термин во салоните за убавина и вратете го својот свеж и атрактивен изглед.
2. Потрошете на себе
Чувате пари за да му купите ново одело? Па, дел од таа заштеда, слободно искористете ја за себе. Купете атрактивни препарати за разубавување или секси парчиња облека.
3. Излезете со другарките
Немојте да седите дома префрлувајќи му кога тој се прибира дома. Бидете независни и занимавајте се со своите интереси или дружете се со вашите најблиски.
4. Запишете се во теретана
Запишете се во теретана, па спомнете му дека веќе почнавте да среќавате и запознавате некои нови, машки пријатели од новото место за вежбање. Ако сметате дека не е премногу - спомнете ги бицепсите на новостекнатите пријатели.
5. Букет - прашања
Ако сакате да одите и чекор понатаму, според некои стручњаци добра тактика е да ја замолите вашата пријателка да би испрати букет цвеќе, без да наведе од кого е. Кога ќе пристигне, однесувајте се нормално и немојте да го прашувате дали тој го пратил букетот.
6. Искористете го соседот
Повикајте го соседот да ви помогне при некоја мала несреќа по дома или да ве советува при градинарството. Нормално, повикајте го додека вашето момче или маж е дома, така што соседот нема погрешно да ја сфати вашата покана за помош.
Така ќе му покажете дека ако тој нема време за вас и вашите интереси, вие ќе се снајдете и без него. Но, бидете внимателни - ова не значи дека е дозволен некаков флерт, само снаодливост и самостојност!
7. Бидете сигурни во себе
Ако го сакате, внимавајте да не го повредите. Една работа е малку да се поиграте, да ја загреете врската помеѓу вас и да го привлечете неговото внимание, а сосема друга е некого да испровоцирате и да предизвикате напад на љубомора.