Подолго отколку што мислите: Колку трае просечниот сексуален однос?
Кога зборуваме за времетраење на сексуален однос, не секогаш можеме да бидеме прецизни и стрикти во одговорот. Времето поминато „во кревет“ заедно со партнерот зависи од различен број на фактори во различна ситуација.
Според едно истражување спроведено од страна на секс-шопот „Lovehoney“, сексуалениот чин помеѓу хетеросексуалните партнери во просек трае 19 минути. Од тие 19 минути 10 отпаѓаат на предиграта, а само 9 на сексуалниот однос.
Испитувањето било направено на 4.400 испитаници. По прикажаните резултати 52% од испитаниците одговориле дека овој просек ги задоволува стандардите, додека пак 23% од мажите и 29% од жените одговориле дека сакаат подолга „сесија“.
Како и да е, без разлика на нашиот став во врска со оваа бројка, важно е да се нагласи дека резултатот е исклучително повисок во однос на претходно направените истражувања на оваа тема. Според едно истражување спроведено во 2008 година, резултатите покажале дека секс-партија во просек трае 13 минути од кои околу 5 минути се трошат само на предиграта.
Според овие анализи може да се види дека хетеросексуалните партнери ги поместуваат границите, па во самиот интимен однос повеќе внимание се посветува на предиграта, а воедно се става приоритет и на женскиот оргазам.
С. У | Црнобело