G-точка за вистинско уживање
Стимулацијата на фамозната G точка доведува до силен и интензивен оргазам кај најголем број жени. Според едно истражување спроведено во САД...
...околу 55% од мажите никогаш не ја погодиле G точката, а дури 36% немаат појма за што станува збор.
Ако не сакате да бидете како американците посветете внимание на оваа точка!
1. Со помош на раката.
За почеток, обидете се да го пронајдете таинствениот пат до оваа точка со помош на вашите прсти. Користете го средниот прст и показалецот.
Внимавајте вашата драга да е доволно влажна или користете лубрикант. G точката се наоѓа на предната (стомачната) страна на вагината околу 2 до 5cm од вагиналниот отвор и е со големина на зрно грашок.
Ќе ја почувствувате на прстите како малку набрано ткиво слично на непцето.
Започнете со послаби движења, најпрво стимулирајте со целата површина на прстите, а повремено само со врвовите.
Како поминува времето, вашите движења нека стануваат поинтензивни.
2. Вибрации.
Најлесен начин да стигнете до нејзината G точка е со помош на вибратор.
Во секс шоповите можете да купите вибратори кои се посебно креирани за да ја пронајдат G точката.
За да доживеете поинтензивен секс додека си играте со вибраторот, на својата драга можете да и пружите и орален секс истовремено.
3. Кучешка положба.
Најдобра поза за стимулирање на G точката е кога својата драга ќе ја наместите пред себе. За походот да биде поуспешен напоменете и да се наслони на лактите.
Обидете се со благи кружни движења. Рацете наместете ги на нејзините колкови и потрудете се да ја погодите G точката.