Адвокатите за разводи наведуваат: 8 знаци дека вашиот брак нема да трае
Адвокатите за разводи се веројатно оние кои слушнале многу неверојатни приказни кога е во прашање разделбата меѓу двајца партнери.
Имајќи го предвид нивното искуства ова се 8 знаци кои според нив, укажуваат дека вашиот брак нема да трае многу долго...
1. Недостаток од комуникација
Секако не е здраво за една врска ниту постојано да се расправате, но доколку поголемиот дел од времето ви поминува во тишина и комуникација за основните работи кои треба да се завршат, тогаш дефинитивно нешто не е во ред со бракот.
2. Брак без секс
Сексот е една од неколкуте клучни елементи за секој брак. Иако многумина често го сведуваат на физичка потреба, сексот е на некој начин чин на интимно поврзување на партнерите кое навистина е потребно за бракот да успее.
3. Спротивностите не се привлекуваат
Можеби на почетокот ќе ви изгледа интересно да имате до себе некој целосно поинаков од вас, но на долг рок тоа воопшто нема да успее. Најдобар пример е спојувањето на интровертна и екстровертна личност. Додека едната ќе сака постојано да излегува и да се дружи, другата ќе претпочита да ужива во топлината на домот. На долг рок сево ова со сигурност ќе доведе до многу кавги и недоразбирања, а многу веројатно и до развод.
4. Премногу работа
Секако дека партнерот е оној кој најмногу верува во вас и сака да напредувате, но ако почувствува дека почнувате работата да ја ставате дури и пред него, тогаш врската може да тргне во друга насока. Во природата на човекот е секогаш да сака нешто повеќе од тоа што го има, но сепак понекогаш треба да знаете да кажете доста и да му/ѝ го посветите на партнерот/ката, времето кое го заслужува.
5. Непочитување
Кажувањето лоши работи, исмевањето или навредувањето се само дел од нештата кои предупредуваат дека бракот е осуден на пропаст.
6. Љубовен јазик
Секој од нас е различен и на различен начин ја покажува и искажува љубовта. Незнаењето да се препознае нечиј љубовен јазик може често да доведе со проблеми во бракот, дури и покрај фактот што и двајцата партнери навистина се сакаат.
7. Немање никакви недоразбирања
Многу од паровите во брак решаваат да ги тргнат настрана важните работи за кои доаѓаат во конфликт само за да не се расправаат. Вашиот партнер е личноста на која би требало да можете да и кажете сè, без страв дека тоа ќе го наруши вашиот однос.
8. Проблеми со пари
Многу разводи настануваат како резултат на расправии за парите. Доколку сакате нештата да функционираат, треба да внимавате на трошоците и да избегнувате работи кои не може да си ги дозволите.
М. С. | Црнобело