Комуникациски грешки кои ја нарушуваат хармонијата во врската
Не мора да сте љубовен гуру за да ви стане јасно дека дека комуникацијата е главниот стуб на кој се темели цела врска.
Конверзацијата со партнерот е една од основните услови за здрава врска. Кога помеѓу партнерите има комплромис, нештата секогаш се движат во права насока.
Долгата врска некогаш знае да ги закржлави односите помеѓу партнерите.
Погледните кои се најчестите проблеми со кои се соочуваат партнерите во долга врска:
Не прашувате интересни прашања
Еден од комуникациските проблеми во врската е тоа што избледува заинтересираноста помеѓу партнерите.
Доколку сакате вашата врска да успее потребно е да изнаоѓате конструктивни начини за одново и одново да се вљубувате во вашиот партнер.
Поставувајте креативни и интересни прашања, со самото тоа не само што одржувате стабилна комуникациска врска туку и постојано ќе бидете запознаени со новите интереси на вашата друга половина, па на тој начин и взаемно ќе се надополнувате.
Користите повисок тон на зборување
Близината некогаш знае да ве наведе погрешно да изреагирате. Во ситуација кога се карате со блиска личност, зборовите излетуваат од уста неконтролирано. Доколку имате одредени несогласување, внимавајте на тонот бидејќи наместо да ја смирите топката вие може да предизвикате дополнителна лавина на конфликти кои само ќе се натрупаат врз проблемот.
Не го слушате партнерот
Со текот на времето во сечие присуство учите како да се исклучувате. Кога станува збор за љубовна врска, тоа и не е најпаметна варијанта.
Доколку не сте расположени да ги слушнете проблемите на партнерот најдобро е веднаш да го пресечете со логично објаснување, отколку да седите и да гледате во него, а всушност и ништо да не го перципирате.
Го сфаќате партнерот здраво за готово
Во текот на почетниот период од врската секогаш размислуваме за тоа колку е нашиот пртнер совршен. Меѓутоа како поминува времето, нашиот мозок почнува поинаку да ги перципира работите.
Кога ќе почувствувате ваков момент, секогаш сетете се на онаа личност во која стесе вљубиле. Направете анализа на периодот поминат заедно, а потоа проценете дали постапките на партнерот треба да ги сфаќате до толку сериозно и здраво за готово.
С. У. | Црнобело