7 работи кои треба да ги знаете за бракот
Постојат многу дефиниции и вистина за бракот и секоја е точна на свој начин.
Сепак пред да зачекорите во светот на брачните обврски треба да имате на ум неколку работи.
Ова се искрените исповеди на луѓе кои се во брак и не се срамат да зборуваат за вистините кои многумина ги прикриваат.
1. Бракот не е безусловна љубов
Постои и омраза. Незадоволство. Постои горчина, изолација, страдање и болка. Не чувствувам љубов кон мојот сопруг од 24 часа на ден, 365 дена во годината. Ниту пак тој го прави тоа.
2. Бракот има инерција
Постојат моменти кога не можеме да пристапиме до нашата љубов. Понекогаш бракот, не љубовта, е тоа кое нè држи заедно. Тоа се манифестира во заеднички прибор за јадење, ритуали за заеднички собир за Божиќ – тие нешта понекогаш нè држат заедно.
3. Бракот не прави да бидете совршени
Тој нема да ги исполни вашите празнини и нема да ве прави комплетни. Тоа не е она што ви недостасува во животот. Бракот не прави ништо, тој всушност ви овозможува вие да правите некои работи.
4. Бракот сам по себе не е доволен
Бракот не е знак за успех или врвно достигнување. Стапувањето во брак нема да ги запре грижите – барем не за долго. Секогаш ќе постои прашањето: „Што потоа?“ на кое дури ни бракот не е имун.
5. Бракот може да биде и лоша работа
Бракот опстојува и покрај лагите, изневерената доверба, изневерените соништа – секако ако дозволите. Добрите бракови, оние кои навистина функционираат, мора да опстојат и низ тешките периоди, не само во оние кога нештата функционираат лесно и едноставно.
6. Не постои формула за совршен брак
Со мали исклучоци, не постои стандард за тоа што е добро, нормално, прифатливо, а што не е. Никој не може да ви каже што треба да правите со бракот, тој е ваша одговорност и вие управувате со него.
7. Бракот е поголем од тебе. Поголем од двајцата.
Ако мојот одговор ви звучи како да постои некое митско суштество кое лежи со вас и понекогаш ви ги краде прекривките - тогаш токму тоа е бракот.
М. С. | Црнобело