Сексот не е само за правење деца и имам право на оргазам

Трагично е како во време како денешново сексот е присутен секаде, освен онаму каде што треба – во креветот. Невозможно е да го одминеш, во музички спотови, филмови, тв реклами, реални шоуа. Безобразно се сервира, некаде суптилно и затскриено, а најчесто без цензура и усул што би се рекло.

seksot-ne-e-samo-za-pravenje-deca-i-imam-pravo-na-orgazam-1.jpg

Сакам да мислам дека сексот е веќе одамна заборавена табу тема, но парадоксално со сето негово присуство насекаде, тој е вистински поотсутен од кога и да било.

Голем дел од жените живеат со убедувањето дека „мажот има поголема желба за секс отколку жената“ и тоа едноставно „не е женска работа“.

Како да е срамно да кажеш дека си сексуално суштество и имаш желби, страст и инхибиции во себе. Јасно, не мора да одиш наоколку и да трубиш на мегафон, бидејќи сексот сепак е интимна работа, но да се залажуваш самата себе дека е небитно, непожелно, простачко или да се срамиш, вцрвенуваш и бегаш од дискусија за истиот е просто смешно.

Жените се толку уверени дека сексот по правило и не е некое уживање и дека не мора да заврши со оргазам од нејзина страна. Толку сме одомаќинети со размислувањето дека сексот е обврска, а не уживање.

Дека сексот е за размножување, а не за задоволство. Дека ако признаеш како уживаш во сексот, ќе бидеш обележана на некој чуден начин од околината.

Дека и не е најважен, здравјето е поважно де. Ама добриот секс е половина здравје. Здраво тело, здрава психа, добро расположение и многу енергија за справување со стресот. И да, можеби не е најважен, но е втората споредна најважна работа во светот (значи не е фудбалот).

Сексот е лепило за партнерите и во совршена хармонија ги надополнува сите оние платонски емоции. Тој понекогаш зборува (или вреска) погласно од сите неизговорени чувства. Тој е совршен лек за кавгите и одлична замена за сите таблети кои ги голтаме за релаксирање и опуштање.

И време е да го прифатиме овој факт, без да се срамиме од тоа. Дали сакаш да имаш секс? Секако дека сакам. И сакам да заврши со среќен крај за мене како и за партнерот.

Сексот е пожелен, природен, најнормален чин. Сите на светов постоиме благодарение на него. Нема ништо чудно, неприродно и срамно.

Но, не е само за правење деца. Не е обврска, не е грев, не е нешто колку само да му помине редот додека мижите и се молите да заврши побрзо.

Ако нешто не ви се допаѓа, отворено споделете го со партнерот. Откријте ги вашите желби, дадете му до знаење што ви одговара вам.

Животот е прекраток да глумите, а жените како и сите мажи имаат подеднакво право на оргазам.

И не е потребно совршено тело или просторија без никакво осветлување. Никој не ви ги забележува стриите и целулитот. Во очите на партнерот вие сте совршена и кога веќе го делите истиот покрив и постела, јасно е дека ве посакува и не сака да биде со никоја друга, освен со вас.

Да го славиме вистинскиот секс во креветот, а не оној извештачен, евтин, лажен секс кој нè прогонува насекаде.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg