12 знаци дека тој има целосна контрола над вашата врска
Љубовта е слепа и тоа е факт, кој колку и да го одрекуваме, после извесно време сфаќаме дека е целосно вистинит.
Речиси секој поминал низ врска во која давал сè од себе за нештата да функционираат, но од другата страна добивал само негодување и некаква чудна форма на љубов, за која од подоцнежна перспектива сфатил дека не ни може да се нарече со тој збор.
Колку побрзо ја сфатите суровата вистина и се помирите со тоа дека до вас имате манипулатор, кој само си игра со вашите чувства, толку подобро за вас.
Ако се пронајдете во повеќето од следните изјави, тогаш е време да размислите за нов почеток со некој кој ве заслужува.
1. Секогаш му дозволувате да биде по негово
И покрај тоа што јасно сте му дале до знаење дека не сакате да се дружи со неговата поранешна девојка, тој и понатаму го прави тоа, а вие го толерирате затоа што не сакате да го изгубите.
2. Се плашите да ги изразите вашите чувства
Што ако тој ви раскине, бидејќи сте му кажале дека сте лути? Не сакате да го преземете тој ризик, па ги сокривате емоциите во себе.
3. Никогаш не одбивате секс
И покрај тоа што немате некакво изразено либидо, не одбивате секс, едноставно за да не го налутите. Не сакате да ве изневерува и мислите дека ќе го постигнете тоа доколку постојано имате секс.
4. Правите буквално сè за него
Готвите, чистите, ги миете садовите, работите, додека тој во меѓувреме не прави ништо. Очигледно е дека врската ви е еднострана.
5. На крајот секогаш вие се извинувате
Не е важно дали тој дома се вратил под дејство на алкохол или пак не ви ни пишал каде е цела вечер, на крајот секогаш вие треба да му се извините нему.
6. Ви треба дозвола да отидете некаде
Ако вашите пријатели ве поканат да излезете, вие не можете веднаш да ја прифатите поканата, затоа што најпрво треба да го прашате вашиот партнер за дозвола. Ако тој не ви дозволи да излезете, тогаш нема да го сторите тоа.
7. Тој се заканува дека ќе ја прекине вашата врска
Секогаш кога ќе му се налутите, тој ве потсетува дека постојат други девојки кои се заинтересирани за него. Тогаш се заканува дека ќе ве остави, па вие продолжувате да го правите она што тој го сака.
8. Чувате тајни од него
Ако испиете малку повеќе алкохол или пак добиете порака од машки пријател, вие не сакате да му кажете за тоа, затоа што не сакате да го налутите. Всушност, на некој начин вие се плашите од него и од она што тој може да го направи.
9. Тој чува тајни од вас
Ако го прашате каде бил претходната ноќ или дали ве изневерува, се чувствувате како ништо да не можете да промените и ги оставате работите онакви какви што се.
10. Му дозволувате да кажува непријатни работи
Тој ги искушува вашите граници. Ви кажува дека сте неубава, дебела или безвредна. А, вие и понатаму сте со него.
11. Го облекувате она што тој го сака
Никогаш нема да облечете отворена блуза, бидејќи тој мрази други мажи да гледаат во вашето тело. Вие се облекувате за да му угодите нему, дури и тоа да е облека што не ја сакате.
12. Секогаш му попуштате
Вашите компромиси не се навистина компромиси, затоа што вие секогаш завршувате давајќи му го она што го сака, а тој никогаш не ви враќа за тоа.
М. С. | Црнобело