36 прашања преку кои ќе откриете колку навистина ве сака партнерот

Пред 20 години, психологот Артур Арон  креирал мал експеримент во кој на мажите и жените директно им поставувал 36 прашања.

36-prashanja-preku-koi-kje-otkriete-kolku-navistina-ve-saka-partnerot-01.jpg

Испитаниците морале да се гледаат во очи, молчејќи, 4 минути, потоа да започнат со одговарање.

Половина година подоцна, половина од учесниците во експериментот се подготвувале да стапат во брак.

Кои биле тие 36 прашања кои ги натерале да ја почувствуваат љубовта еден меѓу друг?

1. Од сите луѓе на светов, кого би поканиле на вечера?

2. Дали би сакале да бидете познати? Ако да, во кое поле?

3. Дали некогаш вежбате што ќе кажете на некој телефонски разговор? Ако да, зошто?

4. Од што се состои вашиот идеален ден?

5. Кога последен пат сте пееле сами за себе? Кога последен пат сте пееле за некој друг?

6. Ако можете да живеете 90 години со тело или ум на 30-годишна личност - што ќе одберете?

7. Дали некогаш сте размислувале како ќе умрете?

8. Набројте три исти личности црти кои ги имате заедно со партнерот.

9. За што сте најблагодарни во животот?

10. Ако можете да промените една работа околу начинот на кој сте биле воспитувани, која би била таа работа?

11. Раскажете му ја на партнерот вашата животна приказна во што е можно повеќе детали само во 4 минути.

12. Ако утре можете да се разбудите со нова лична карактеристика или вештина, која би била таа?

13. Ако кристалната топка навистина може да ви ја предвиди иднината, што би сакале да откриете?

14. Дали постои нешто за кое сте сонувале многу одамна? Зошто не сте го оствариле тој сон?

15. Кој е најголемиот успех во вашиот живот?

16. Што цените најмногу кај вашите пријатели?

17. Кое сеќавање ви е најдраго?

18. Кое сеќавање најмногу ве вознемирува?

19. Ако откриете дека во еден момент наредната година ќе починете, дали би промениле нешто во вашиот живот? Што би било тоа?

20. Што значи пријателството за вас?

21. Каква улога имаат љубовта и нежностите во вашиот живот?

22. Набројте 5 позитивни квалитети кои ги поседува вашиот партнер.

23. Колку сте блиски со семејството? Дали сметате дека сте имале среќно детство?

24. Каков ви е односот со вашата мајка?

25. Кажете 3 точни искази кои започнуваат со зборот „ние“.

26. Комплетирајте ја реченицата: „Би сакал/а да споделам ..... со некого.“

27. Кажете му на партнерот што треба да знае за вас пред да започнете да живеете заедно?

28. Кажете му на партнерот што ви се допаѓа кај него. Бидете искрени и отворени.

29. Споделете непријатно сеќавање од вашиот живот со партнерот.

30. Кога и зошто последен пат плачевте?

31. Кажете му на партнерот што најмногу ви се допаѓа кај него.

32. Ако дознаете дека ќе умрете уште вечерва и немате некој со кој можете да зборувате - За која работа која не сте ја кажале ќе зажалите најмногу?

33. Што е премногу сериозна работа за некој да се шегува на сметка на таа работа?

34. Куќата е опожарена. Успевате да го спасите семејството, ви останува само една работа по која може да се вратите. Што е тоа?

35. Чија смрт на некој член од семејството најмногу би ве болела и зошто?

36. Раскажете му на партнерот за некој личен проблем кој го имате и прашајте го како тој би се соочил со проблемот.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg